Пиј кафе и бриши - пиши
Младиот кинески дизајнер Tianya Xiaoa осмислил маса која ја олеснува комуникацијата. На неодамна одржаниот стокхолмски саем за мебел претставен...
...е на прв поглед сосема обична па дури и здодевна маса за кафе. Но, сепак открива забавен и интересен начин за поттикнување на конверзацијата.
Таа се состои од три подвижни панели кои од долната страна кријат мали училишни табли и разнобојни креди. Ако ги превртите може да пишувате на нив и потоа да ги превртите назад за да си ја користите масата нормално.
Можеби ќе му било паметно да направи некое помодерно решение со екран на допир, но добро е да се сетиме дека и обичните стари навики даваат посебен шмек во секојдневието.