Како да го спречите непријатниот мирис кога немате време или услови за туширање?
Избегнувајте кромид, лук и зачинета храна
Храната може да има влијание врз мирисот на потта, а кромидот, лукот и зачините ја засилуваат непријатната миризба. Ако знаете дека нема да можете да се истуширате подолго, најдобро е да консумирате свежа храна, како овошје и зеленчук.
Избегнувајте тесна облека
Тесната облека повеќе го загрева телото, а со тоа може да го зголеми лачењето пот. Затоа, во овие ситуации носете поширока облека, од природни материјали.
Употребувајте шампон за суво миење
Не залудно шампоните за суво миење се толку популарни. Со нив можете да го одложите миењето на косата за барем уште еден ден.
Носете марами или соберете ја косата
Ако не сакате да користите сум шампон, можете да ја соберете косата во опавче.
Можете да ја скриете косата и со марами, кои веќе некое време се вистински моден хит.
Хидрирајте ја кожата
Пиењето повеќе вода може да ви помогне да мирисате и да се чувствувате посвежо, а ќе направи и вашата кожа да изгледа многу подобро. Истовремено, можете да користите и хидратантни креми со пријатен мирис.
Спирова С. | Црнобело