Мажите сакаат несовршености
Иако владее мислењето дека мажите преферираат кога жената има изглед на чекор од совршенството, мажите ширум светот секојдневно се заљубуваат...
...во разни типови жени и конфекциски броеви и просто ја обожаваат нивната несовршеност.
Ситните неправилности кои ги има речиси секоја жена, се и тоа како привлечни за мажите, па затоа нема потреба да се правите она што не сте.
Ова се 5 симпатични неправилности кои мажите ги сакаат:
1. Кукаст нос. Популарниот грчки профил не го сакат жените. Но, малку накривен нос не е проблем за мажите и не треба да имате комплекс заради ова.
2. Стомаче. Мажите го сакаат женското тело со сите негови предности и недостатоци и малото стомаче за нив не претставува никаков проблем.
3. Мали гради. Иако поголем број мажи преферираат големи гради, ништо помалку не вредат и малите гради. Тие можат да бидат навистина секси без градник или со длабоко деколте.
4. Ноншалантен изглед. Сјајната и фенирана коса, уредни нокти и кармин во линија се привлечни за мажите, но и ноншалантниот изглед со разбушавена коса, широка маица и лице без шминка може да биде подеднакво заводлив.
5. Раздвоени предни заби. Лара Стоун, Мадона, Џорџија Џегер се само неколку познати убавици кои го воодушевуваат светот и ги соборуваат мажите од нозе.
Токму заради овие факти, немојте да тежнеете кон совршенство, искористете ги своите недостатоци и претворете ги во убиствено средство за заведување!