Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 разлики помеѓу пријателствата кои траат и оние со краток рок

Важно е да имате пријатели, но не било какви.

10-razliki-pomegju-prijatelstvata-koi-traat-i-onie-so-kratok-rok-1.jpg

Ова се 10 карактеристики на односите кои вреди да ги негувате и задржите:

1. Постојана потпора

Пријателството кое ќе го надмине рокот на траење нуди постојана потпора, безрезервна поддршка, како во секојдневните мали драми, така и во важните одлуки.

2. Радување на туѓиот успех

Трајните пријателства секогаш се водат по правилото дека успехот на пријателот е и личен успех и вреди да се прослави.

3. Физичката оддалеченост не игра улога

Пријателствата за цел живот преживуваат дури и во време на физичка оддалеченост.

4. Почит кон личниот простор и слобода

Правиот пријател никогаш нема да ви се налути ако го откажете излегувањето затоа што сакате да си ги средите мислите.

5. Заедничко смеење

Без разлика колку се наоѓате во трагична, фрустрирачка или збунувачка ситуација, со човекот кој ви ја знае душата, лесно е да најдете причина за насмевка.

10-razliki-pomegju-prijatelstvata-koi-traat-i-onie-so-kratok-rok-0-001.jpg

6. Заедно и плачете

Неуспесите и падовите секогаш се полесни кога крај себе имате пријател кој ја дели тагата.

7. Простување

Никој не е безгрешен, а пријателот кој е подготвен да биде покрај вас во текот на целиот живот го знае тоа. Но, ова не значи премолчување на проблемите, туку нивно дискутирање.

8. Граници

Секое здраво пријателство треба да има јасни граници кои важат за двете страни.

9. Сигурни сте дека не сте сами

Што и да ви се случи, колку нешто лошо и да направите, ако го имате чувството дека пријателот е тука за вас – не се откажувајте од него кога работите ќе станат тешки.

10. Искреност

Само правите пријатели ќе ви кажат каде грешите, без притоа да ви ја извадат грешката низ нос со „ти реков.“

10-razliki-pomegju-prijatelstvata-koi-traat-i-onie-so-kratok-rok-001.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg