Зошто е важно да ги имате овие 7 типови на пријателки во животот?
Некои пријатели ни одговараат многу повеќе отколку некои други. Но, тешко е кога зависиме само од една личност. Колку повеќе пријатели–толку побогат живот.
Вистината е дека добри сме онолку колку што и луѓето кои се наоѓаат околу нас. Доколку сакате да дознаете со какви луѓе би требало да се опкружите, продолжете со читање.
Зошто е важно да ги имате овие 7 типови на пријателки во животот?
Пријателката која ви е како сестра
Се познавате толку добро, бидејќи сте израснале заедно уште од малечки. Пријателката од детството ги знае сите работи за вас – што сакате да јадете, а што мразите, која ви е омилената музика, кога за прв пат се бакнавте и со кого бевте на матура. Ваквиот вид на пријателство е исклучително и бесценето. Навистина е како да имате сестра, а не обична пријателка.
Пријателката која умее да ве сослуша
Поголемиот дел од луѓето слушаат (помалку или повеќе). Но, важно е да имате пријателка која навистина обраќа внимание на она што го зборувате, без да ве осуди и ќе се потруди да ви помогне во решавањето на проблемот. Како да создадете вакво пријателство? Едноставно е – бидете и вие добар слушател и советодавач и истото ќе ви биде возвратено.
Пријателка која има слично хоби со вас
Врската со пријателката која е прилично различна од вас, но со која делите слични интереси, е особено возбудлива и интересна. Таа е како свеж ветер во животот. Пријателката со која може да разговарате за книги, јога, музика, шминки, планинарење … едноставно ќе уживате во времето поминато со неа, без да им одите на нерви на сите останати пријатели кои не се заинтересирани на одбраната тема.
Пријателката која е секогаш подготвена за акција
Таа е секогаш во потрага по нова авантура, ве предизвикува да бидете похрабри и да прифаќате почесто предизвици. Таа е бестрашна и секогаш подготвена да тргне на патување, макар и јавиле во „5 за 12“. На сите ни е потребна по една ваква бестрашна пријателка во животот.
Пријателката која е груба, „брза на јазик“, но грижлива
Ова е тип на пријателка која ќе ве соочи со реалноста, без разлика колку и да е тешка и сурова. Ќе ви ја каже вистината, искрено, без никакво разубавување и заобиколување. Доколку сте опкружени со луѓе кои само потврдно климаат со главите, тоа може да биде опасно. Секогаш е добро да се слушне вистината, колку и да боли.
Ваквата пријателка не се плаши да ви каже сè директно во очи. Понекогаш делува грубо поради својот остар и брз јазик, но во суштина таа е многу грижлива, ве сака и ви го посакува само најдоброто.
Колешката која ви станала пријателка
Да се издржи цел еден просечен 8-часовен работен ден без ниту еден пријател на работното место е навистина тешко. Убаво е покрај себе да се има човек кој ќе ве насмее, ќе ви помогне, со кого ќе може да прошетате на пауза, да испиете некое кафе… единствениот проблем?
Не може во целост да бидете искрени и отворени една со друга, бидејќи пожелно е да го задржите нивото на професионалност во односот, барем додека сте на работното место.
Најдобра пријателка
Секогаш кога ви е потребно искрено мислење за некој маж, вашата врска или помош како да ги избалансирате сите претходно споменати жени во животот, тука е секако најдобрата пријателка. За неа зборовите се излишни, со причина го носи епитетот НАЈДОБРА. Која е вашата?
(О)Милена | Црнобело