Дијана знаела за нивната афера, имаат заедничко дете - озборувања за врската на Камила и Чарлс
Зошто Камила не може да биде кралица?
Иако е мажена за Чарлс, кој се очекува да стане крал, Камила нема да биде кралица. Војвотката ќе ја добие титулата Princess Consort, според договорот кој го потпишала кога стапила во брак со Чарлс.
Дали Чарлс и Камила сакале да имаат заеднички деца?
И покрај тоа што се запознале пред 50 години, тие не можеле да имаат деца, дури и да сакале. Доколку се случело ова, тие ќе биле протерани од кралското семејство за прекршување на протоколот.
Дали можеби тие сепак имаат дете кое не е „пријавено“?
Се шпекулира дека човекот по име Сајмон Донарте Деј е дете на Чарлс и Камила. Тој тврди дека бил посвоен на 18 месеци од жена која работела за кралицата и која му кажала дека е син на Чарлс и Камила. Сепак, ова останува непотврдено за јавноста.
Е. П. | Црнобело