Дијана знаела за нивната афера, имаат заедничко дете - озборувања за врската на Камила и Чарлс
Британското кралско семејство е честа тема на дискусија. Врската на Чарлс и Камила отсекогаш била контроверзна, особено откако се разоткри фактот дека биле во тајна врска додека и двајцата беа во брак.
Кога ја започнале врската?
Иако Чарлс и Дијана изгледале како среќна двојка, сепак на сите им било јасно дека баш и не се некој пар.
И покрај тоа што бил во брак, Чарлс имал афера со неговата тогашна пријателка Камила Паркер Боулс.
Официјално, тие се запознале во 1970-та на поло меч, но нивната врска започнала во 1986-та година, според биографијата на принцот Чарлс.
Дали принцезата Дијана знаела за нивната врска?
Чарлс и Дијана се венчаа во 1981-година на една од најголемите кралски венчавки кои се паметат, на која присуствувала и Камила. Но, многу скоро после свадбата, тие започнале да имаат конфликти и брачни проблеми.
Само 5 години подоцна, Чарлс ја започнал врската со Камила. Честопати, кога ќе ја прашале Дијана за бракот, таа знаела да каже дека се инволвирани тројца во нивната врска – ставајќи на знаење дека е запознаена со аферата на сопругот.
Зошто принцот Чарлс не се развел порано од Дијана?
Земајќи го предвид фактот дека биле несреќни, би било логично да се разведат уште кога целата јавност се сомневаше во неверноста на Чарлс. Сепак, ова било против сите верувања на кралското семејство.
Било земено предвид дека Чарлс еден ден ќе стане крал и би бил на чело на црквата, а ова не би било возможно ако тој е разведен. За среќа, овие правила биле променети години подоцна, па Чарлс и Дијана го финализирале разводот во 1996-та година.
Дали и Камила била мажена во овој период?
Камила се омажила за Ендру Паркер Боулс во 1973-та година и исто така во несреќен брак. Камила се разведе во 1995-та откако веќе 9 години имала афера со Чарлс.
Како реагирала кралицата на аферата?
Како личност која е најдолго на тронот, кралицата Елизабета Втора се има сретнато со бројни скандали во владеењето.
Аферата на принцот Чарлс со Камила никогаш не беше јавно потврдена, сè додека не загина принцезата Дијана. Кралицата не била задоволна со однесувањето на нејзиниот најстар син, но на крајот, очигледно, љубовта победи.