Тенок струк, заоблен задник: 15 трикови за позирање со кои ќе изгледате совршено на фотографиите
Послаби нозе
За да ви изгледаат послаби нозете кога сте во седечка позиција ставете ги една врз друга, но коленото на горната нога кренете го повисоко. Долната нога треба да ви биде нанапред кон камерата.
Тенок струк
За потенок струк треба да го истегнете малку телото, да застанете половично на страна, карлицата малку напред, рамениците малку назад, а со рацете да си играте со косата.
Внимавајте на рацете
За да изгледате послаби рацете не треба да ви се само пуштени слободно и споени со телото, треба да има барем малку простор од нив до телото. Слободно можете да ги ставите дланките на струкот.
Позирање во монокини
Застанете на прсти, затоа што тогаш сите мускули ви се затегнати и нозете ви изгледаат пдообро. Исто така застанете малку странично и растресете ја косата за волумен.
Обична стоечка поза
Рамениците нека ви бидат назад, градите напред, вратот исто така малку напред за лицето да ви биде послабо и повпечатливо.
Може многу малку да ја отворите устата за усните да ви бидат пополни. И, се разбира, да го вовлечете стомакот.
С. С. | Црнобело