Тенок струк, заоблен задник: 15 трикови за позирање со кои ќе изгледате совршено на фотографиите
Како струкот да ви изгледа потенок, лицето повпечатливо, а нозете подолги и послаби на фотографиите?
Професионалните модели знаат како да ја направат вистинската поза и да се прикажат во најдобро издание.
Познато е дека камерата може да направи да изгледате пополнички од што реално сте, па важно е да обрнете внимание на начинот на кој позирате.
Некои трикови може да ги искористите сега, а некои чувајте ги за кога конечно сето ова ќе помине, па ќе облечете и бикини за на плажа.
Трикови за да изгледате совршено на фотките:
Главните заповеди во позирањето
Запомнете карлицата наназад, градите нанапред, косата префрлена на една страна за да има волумен, насмевка на лицето и класиката – ногата напред, а раката на струкот.
Вистинските модни додатоци
За да не изгледаат фотките празни позирајте со модни додатоци, креирајте хармонија на фотографијата.
Соберете ги нозете
За да не изгледате смешно соберете ги нозете кога позирате, особено кога сте во костим за капење. Инаку, колку подолу е камерата, толку вашите нозе изгледаат подолги, а ако сте малку на страна навалени ќе изгледате посекси во струкот.
Не претерувајте со стилот на позирање, нагласете само едно, или нозете или рацете.
„Опасни“ фустани
Некои прекрасни женствени фустани на фотографиите често може да ви го зголемат струкот.
Кога позирате внимавајте на ветрот – нека ви дува отстрана, внимателно одберете го кадарот и одберете некој додаток што ќе биде во фокусот, како книга, списание или шолја кафе.
Дишење за време на позирање
Кога вдишувате вашето тело станува тензично, а за идеални фотографии потребна е релаксирана состојба, па затоа фотографирајте се кога издишувате.