Тенок струк, заоблен задник: 15 трикови за позирање со кои ќе изгледате совршено на фотографиите
Слаби нозе и тенок струк додека седите на столица
Додека позирате седејќи, нозете нека ви бидат на прсти, а рацете тензични напред и, се разбира, грбот мора да ви биде исправен.
Совршена силуета
Меѓу нозете оставете малку простор за да ви изгледаат послаби, а за да го истакнете струкот исправете ги и дигнете ги рацете.
Соберете ги нозете кога се сликате одзади
За да изгледате послаби во седечка позиција одзади соберете ги нозете напред, да не бидат многу видливи на фотката.
Струкот ќе биде потенок ако го исправите грбот и се поставите малку навалени дијагонално.
Совршен задник
За задникот да ви изгледа позаоблено, камерата мора да биде во рамниште на струкот.
Идеално за таква фотографија е грбот да ви е кон камерата, но со главата да гледате преку рамото.
Совршен задник – 2
Уште една поза за истакнување на задникот е да стоите половично на страна, такашто струкот ќе ви изгледа потенок, а задникот наназад поблиску до камерата. На некој начин да формирате буква „S“.