Топ 3 грешки што ги прават девојките при избор на фотка за социјалните мрежи
Со толку многу ефекти лицето ви личи како на восочна кукла и може да изгледа дури застрашувачки.
Многу девојки сакаат на социјалните мрежи да се претстават најдобро што можат, но понекогаш прават грешки при изборот на фотографии од себе.
Кои се топ 3 грешки на девојките при изборот на фотка за на социјалните мрежи?
Агресивно „фотошопирање“
Одлично е што има ефекти за разубавување, дури и апликации кои самите ви нанесуваат шминка, но претераното дотерување на фотографиите дефинитивно е грешка.
Со толку многу ефекти лицето ви личи како на восочна кукла и може да изгледа дури застрашувачки.
Задржете ја природноста.
Секси пози
Убаво е да имате талент за позирање пред камера, но премногу сексуалните фотографии не се за на социјалните мрежи.
Заборавете на позирање со премалку облека и задржете ја скромноста, а со тоа и мистеријата околу себе.
Пресилна шминка
Во ред е што ги следите новите трендови на шминка, но сето тоа ставено на вашето лице наеднаш може да изгледа непријатно.
Навистина нема потреба и од силен кармин и од силни сенки едновремено.
Изберете смирена шминка и акцентриајте ги вашите најубави црти.
Прочитајте и 7 трикови за позирање со кои ѕвездите собираат лајкови на фотографиите
С. С. | Црнобело