Загатката на Ајнштајн
Ајнштајн ја напишал оваа загатка во XIX век. Рекол дека 98% од луѓето во светот нема да можат да ја решат. Не е тешка, но морате да бидете многу...
...внимателни и стрпливи. Ќе успеете ли вие да бидете во другите 2%?
Има 5 куќи со 5 различни бои. Во секоја од куќите живее човек од различна националност. Секој од петте сопственици пие одреден вид на пијалок, пуши одреден вид на цигари и чува одреден милениче. Ниеден сопственик нема исто милениче, не пуши исти цигари и не го пие истиот пијалок со некој од другите сопственици.
Прашањето е: Чија е рибата?
Хинтови:
- Британецот живее во црвената куќа.
- Швеѓанецот чува кучиња како миленици.
- Данецот пие чај.
- Зелената куќа е од лево на белата куќа.
- Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
- Личноста што пуши Пал Мал одгледува птици.
- Сопственикот на жолтата куќа пуши Данхил цигари.
- Човекот што живее во куќата во средина пие млеко.
- Норвежанецот живее во првата куќа.
- Човекот што пуши Бленд живее до оној што чува мачки.
- Човекот што чува коњ живее веднаш до човекот што пуши Данхил.
- Сопственикот што пуши Блумастер пие пиво.
- Германецот пуши Принц.
- Норвежанецот живее до сината куќа.
- Човекот што пуши Бленд има сосед кој пие вода.
Напомена: Сите коментари со постапката за добивање на точниот одговор ќе бидат избришани за да им дозволиме на сите да се обидат да ја решат сами.