Најбезбедна лична подморница
Качете се на оваа компактна полу-подморница и без било каква специјална подготовка можете да бидете на пат кон истражување на длабочините на морињата.
Зошто ја викаат подморница? Целиот брод не оди под вода, повеќе личи на брод со проѕирно дно. Тоа значи дека нема да можете да одите длабоко, но сепак одлична е за разгледување на подводниот свет.
Брзината на овој брод не е точно специфицирана од нејзиниот автор, но познато е дека батериите му траат од 4 до 8 часа.
Изграден е од јужно корејската компанија Raonhaje, која планира да ги продава овие полу-подморници во ексклузивните летувалишта, како и на сопствениците на скапи јахти.
Наше мислење е дека овие „подморници“ би биле голем хит во ексклузивните летувалишта, особено во оние покрај коралски гребени и со богат морски живот... дури и оние кои не можат да пливаат и нуркаат ќе можат да уживаат во исклучителниот поглед.
Би си купиле ли една? За во Охрид, можеби?