10 навики кои се надеваме дека ќе ги промениме и откако пандемијата ќе заврши

Пандемијата ни го промени секојдневието, но искрено се надеваме дека ќе ни ги промени навиките и на подолг рок.

10-naviki-koi-se-nadevame-deka-ke-gi-promenime-i-otkako-pandemijata-ke-zavrsi-01_resize.jpg

Големи се шансите и кога ќе се прогласи крај на епидемијата, некои навики да останат сосема нормални.

На пример:

1. Да завршиме со ракувањето како начин на поздравување, или бакнувањето да се користи многу поретко.

2. Да продолжат да се оставаат дезинфекциски средства на повеќе локации.

3. Да го промениме начинот на кој се однесуваме со келнерите и продавачите, бидејќи сега разбираме колку ни е важно да работат сите локали.

4. Фирмите полесно да им дозволуваат на вработените да работат од дома.

5. Но, и вработените да бидат пофлексибилни и да се прилагодат на барањата на фирмата или клиентите.

6. Луѓето посериозно да ја разберат заштитата на личниот простор.

7. Многу почесто и подолго ќе миеме раце.

10-naviki-koi-se-nadevame-deka-ke-gi-promenime-i-otkako-pandemijata-ke-zavrsi-02_resize.jpg

8. Ќе избегнуваме гужви во кои не е неопходно да се наоѓаме.

9. Подобро ќе внимаваме на здравјето на другите, посебно повозрасните.

10. Училиштата и учениците ќе бидат подготвени и за учење и оценување на далечина.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 навики со кои ширите негативна енергија (иако можеби немате таква намера) Нервозни движења и немир. Саркастичен или чуден хумор... Со кои однесувања ширит...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...
Фото-споредби: Луѓе кои си го промениле животот и се претвориле во друга личност Вежбање, поздрава исхрана, но и генерално подобра грижа за себе – луѓе покажуваа...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg