Научни прашања на кои би требало да го знаете одговорот
Дали сонцето некогаш ќе престане да сјае?
Нашето сонце е ѕвезда од категоријата жолто џуџе. Како и сите ѕвезди, и тоа е огромен реактор во чие јадро има водород. Овој водород согорува и е како гориво за сонцето, па е причината за неговото сјаење.
Но, сонцето нема вечен живот. По некое време водородот, односно неговото гориво ќе се потроши. Кога ќе се потроши водородот од јадрото, сонцето ќе почне да го согорува водородот од погорните слоеви, а со ова ќе започне неговата смрт.
Јадрото ќе се намалува, а горните слоеви ќе се зголемуваат, па нашата ѕвезда ќе се претвори во црвен џин. Се очекува за милијарда години од денес, сонцето да сјае околу 10% повеќе, а ова ќе биде доволно да ја спржи нашата планета.
За среќа, дотогаш веројатно ќе најдеме начин да се вселиме во некој друг систем.
Како настанува виножитото?
Просто кажано, виножитото е предизвикано од капките вода кои остануваат во атмосферата после дожд.
Капките имаат различна густина од воздухот околу нив, па кога сончевите здрави удираат во нив, тие се однесуваат како призма. Односно, сончевите зраци се прекршуваат и распрснуваат од капките вода, а резултатот е виножито направено од боите на видливиот спектар.
Што е теоријата на релативност?
Секој слушнал за Ајнштајн и теоријата за релативност, но што точно претставува таа?
Ајнштајн смета дека времето и просторот се подложни на промени – просторот може да се шири, стеснува и искривува, а брзината со која минува времето се менува. Сето ова зависи од позицијата на набљудувачот, односно од референтната точка, па оттаму зборот релативност.
Звучи малку комплексно, но можеби примерот ќе ви помогне да сфатите.
Замислете си дека гледате часовник со стрелки. Сега замислете се дека часовникот е во орбитата на Земјата, така што се движи многу брзо во споредба со вас. Ако можете да ги видите стрелките на часовникот од таа позиција, поради брзината со која се движи часовникот, тие ќе ви изгледаат помали. Истовремено, тие ќе се движат побавно, односно времето ќе забави.
Стрелките на часовникот забавуваат поради феноменот наречен „дилатација на време“.
Според теоријата на релативност, времето и просторот се едно нешто, односно модел наречен време-простор, кој зависи од гравитацијата и забрзувањето.
Зошто водата испарува и на собна температура?
Ако се смалите колку молекул, ќе забележите дека молекулите на водата се удираат еден од друг. Ако во воздухот има многу водна пареа, молекулите ќе се удрат од површината до нив и ќе се „залепат“ на неа. Ова е всушност кондензацијата што настанува на студена пијачка кога времето е влажно.
Кога, пак, воздухот е посув, молекулите на водата се удираат во воздухот и можат да се „закачат“ за други молекули околу нив. Овој процес е наречен испарување.
Па, ако воздухот е доволно сув, молекулите од чаша вода ќе „избегаат“ во воздухот. Со текот на времето, водата ќе губи сè повеќе молекули, па на крај ќе останете со празна чаша.
Спирова С. | Црнобело