Научни прашања на кои би требало да го знаете одговорот

Дали сонцето некогаш ќе престане да сјае?

Нашето сонце е ѕвезда од категоријата жолто џуџе. Како и сите ѕвезди, и тоа е огромен реактор во чие јадро има водород. Овој водород согорува и е како гориво за сонцето, па е причината за неговото сјаење.

Но, сонцето нема вечен живот. По некое време водородот, односно неговото гориво ќе се потроши. Кога ќе се потроши водородот од јадрото, сонцето ќе почне да го согорува водородот од погорните слоеви, а со ова ќе започне неговата смрт.

Јадрото ќе се намалува, а горните слоеви ќе се зголемуваат, па нашата ѕвезда ќе се претвори во црвен џин. Се очекува за милијарда години од денес, сонцето да сјае околу 10% повеќе, а ова ќе биде доволно да ја спржи нашата планета.

За среќа, дотогаш веројатно ќе најдеме начин да се вселиме во некој друг систем.

nauchni-prashanja-na-koi-bi-trebalo-da-gi-znaete-odgovorite-05.jpg

Како настанува виножитото?

Просто кажано, виножитото е предизвикано од капките вода кои остануваат во атмосферата после дожд.

Капките имаат различна густина од воздухот околу нив, па кога сончевите здрави удираат во нив, тие се однесуваат како призма. Односно, сончевите зраци се прекршуваат и распрснуваат од капките вода, а резултатот е виножито направено од боите на видливиот спектар.

nauchni-prashanja-na-koi-bi-trebalo-da-gi-znaete-odgovorite-06.jpg

Што е теоријата на релативност?

Секој слушнал за Ајнштајн и теоријата за релативност, но што точно претставува таа?

Ајнштајн смета дека времето и просторот се подложни на промени – просторот може да се шири, стеснува и искривува, а брзината со која минува времето се менува. Сето ова зависи од позицијата на набљудувачот, односно од референтната точка, па оттаму зборот релативност.

Звучи малку комплексно, но можеби примерот ќе ви помогне да сфатите.

Замислете си дека гледате часовник со стрелки. Сега замислете се дека часовникот е во орбитата на Земјата, така што се движи многу брзо во споредба со вас. Ако можете да ги видите стрелките на часовникот од таа позиција, поради брзината со која се движи часовникот, тие ќе ви изгледаат помали. Истовремено, тие ќе се движат побавно, односно времето ќе забави.

Стрелките на часовникот забавуваат поради феноменот наречен „дилатација на време“.

Според теоријата на релативност, времето и просторот се едно нешто, односно модел наречен време-простор, кој зависи од гравитацијата и забрзувањето.

nauchni-prashanja-na-koi-bi-trebalo-da-gi-znaete-odgovorite-07.jpg

Зошто водата испарува и на собна температура?

Ако се смалите колку молекул, ќе забележите дека молекулите на водата се удираат еден од друг. Ако во воздухот има многу водна пареа, молекулите ќе се удрат од површината до нив и ќе се „залепат“ на неа. Ова е всушност кондензацијата што настанува на студена пијачка кога времето е влажно.

Кога, пак, воздухот е посув, молекулите на водата се удираат во воздухот и можат да се „закачат“ за други молекули околу нив. Овој процес е наречен испарување.

Па, ако воздухот е доволно сув, молекулите од чаша вода ќе „избегаат“ во воздухот. Со текот на времето, водата ќе губи сè повеќе молекули, па на крај ќе останете со празна чаша.

nauchni-prashanja-na-koi-bi-trebalo-da-gi-znaete-odgovorite-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg