10 причини зошто најдобрата пријателка е најважна во животот - што ви недостасува најмногу периодов?
Искрена е, дури и ако вистината боли
Вашата пријателка без двоумење ќе ви ја каже вистината, без разлика колку е горчлива.
Ако сте соочени со проблем, таа нема да ви дава лажна надеж. Ќе ви го каже нејзиното искрено мислење, но уште поважно е што ќе ви понуди совет и ќе направи сè за да ви помогне.
Знае што се случувало во секој период од вашиот живот
Ако имате среќа да ја познавате најдобрата пријателка од детството, тогаш заедно сте ги поминале сите важни моменти во животот – и лоши, и добри.
Но дури и ако сте ја запознале подоцна, таа ги знае сите детали од вашиот живот, вклучувајќи ги и оние засрамувачките.
Никогаш не ви суди
Најдобрата пријателка можеби ќе ви даде критика, но никогаш нема да ви суди за вашите избори.
Ако смета дека правите нешто лошо, само ќе ве советува, но секогаш ќе ве поддржува.
Ако ви фали самодоверба, можете да се обратите кај неа
Во моментите кога се чувствувате „грдо“, најдобрата пријателка ќе ви помогне да сфатите дека сте прекрасни.
Без разлика кој или што ви ја разнишало самодовербата, таа е овде да ви ја врати.
Помеѓу вас не постојат завист и љубомора
Сите жени и девојки сме почувствувале завист или љубомора кон некоја друга жена, но ова не се случува со најдобрата пријателка.
Без разлика колку сте поуспешни од неа, колку подобар дечко имате од нејзиниот, колку поубав автомобил имате од неа, таа нема да ви љубомори. Напротив, ќе се радува дури и повеќе од вас.
Спирова С. | Црнобело