30 начини до подобар живот
Овие совети не се однесуваат само на еден конкретен тип на личност, па затоа некои од нив нема да можете ниту ќе сакате да ги примените, но можеби...
...ќе успеете да се прилагодите и во нив да додадете некои свои идеи.
1. За некои луѓе потрагата по клучеви, мобилен телефон и слични тракатанци создава премногу стрес па ако за секоја ситница најдете нејзино место, значително ќе ги намалите фрустрациите.
2. Окружете се со напредување, планови, нови идеи и тежнејте кон нивно остварување.
3. Испразнете го инбоксот и одржувајте го организиран.
4. Работете на самодовербата. Читајте афирмативна литература и одете исправено кон целите.
5. Намалете ја количината на отпад.
6. Кога сте потиштени наместо да паднете во депресија активирајте се и живнете!
7. Спречете го хаосот од алишта низ собата.
8. Организирајте се и планирајте. Колку сте поорганизирани толку помалку ќе бидете под стрес.
9. Поправете ја сликата за себе меѓу другите така што за себе ќе кажувате само убави работи. Немојте ни на шега да кажувате грди работи за себе.
10. Почнете да станувате порано.
11. Мејловите проверувајте ги максимум два пати во денот. Нема да пропуштите ништо страшно, а ќе заштедите многу време.
12. Научете да оставите добар прв впечаток.
13. Утврдете го попладневниот план на активности, за да не ја поминете вечерта пред телевизор.
14. Работата оставете ја на работа.
15. Пијте доволно вода.
16. Времето е најскапоцената работа која некогаш ќе ја имате. Научете да го вреднувате и цените.
17. Средете го своето CV и повремено погледнете во новите понуди за работа, дури и ако сте задоволни на своето моментално работно место. Никогаш не се знае.
18. Запишете се да научите уште некој странски јазик.
19. Работното биро нека ви биде средено и чисто.
20. Кажете стоп на одложувањето. Она што може да го завршите денес не го оставајте за утре.
21. Јадете бавно, за да го олесните варењето, да го поправите здравјето и да ослабите.
22. Штедете на бензин и пешачете.
23. Откријте ја својата страст. Можеби ќе почнете да гледате на животот од поинаква страна.
24. Пред да купите нешто размислете дали можете да си го дозволите истото.
25. Научете како соло животот да го претворите во успешна колаборација.
26. Движете се повеќе. Скали наместо лифт, велосипед наместо автомобил.
27. Научете да го калкулирате ризикот. Ако знаете што да очекувате, така ќе знаете ога е најдобро да се повлечете.
28. Зголемете ја интелигенцијата. Таа може да се подобри и покрај некои спротивни на ова тврдења.
29. Бидете срдечни и љубезни.
30. Поминувајте повеќе време со пријателите.