Ситуации во кои правилата за учтивост и добро однесување не се соодветни
Доброто однесување е навистина важно, но треба да знаете кога е време за тоа.
Во некои ситуации мора „да покажете заби“, а во некои, правилата за добро однесување се малку поразлични.
Затоа, погледнете кога и зошто треба да ги промените правилата за добро однесување:
Сообраќај
Ако сте во автомобил и забележите пешак кој непрописно ја минува улицата, нормално дека ќе го пуштите да помине. Но во овој момент не треба да покажувате учтивост.
На овој начин пешакот потсвесно ќе мисли дека тоа што го прави е во ред, а следниот пат некој можеби нема да го запре автомобилот.
Се разбира, не значи дека треба да излезете од автомобилот и да се расправате. Едноставно, сигнализирајте со сирената од автомобилот дека пешакот прави сериозна грешка.
Истото важи за сите правила кои важат во сообраќајот. Учтивоста не е поважна од нив.
Претерана учтивост на лекар
Можеби се чувствувате непријатно кога му се „жалите“ на вашиот лекар, па поради тоа постојано се извинувате, дури и криете дел од симптомите.
Но, не заборавајте дека лекарот е овде за да ви помогне и нема потреба да се чувствувате виновно за тоа. А, ќе може да ви помогне само кога јасно и гласно ќе му кажете што сè ве мачи.
Дури и ако вашиот проблем ви изгледа глупаво, заборавете на учтивоста и бидете искрени со лекарот.
Подобро игнорирајте го кивањето на другите
Сите имаме навика кога некој ќе кивне, да му речеме „На здравје“. Но, понекогаш подобро би било да го игнорирате кивањето на другите.
Иако намерата ви е најдобра, кивањето е нешто што понекогаш не можеме да го контролираме, па другата личност може да се почувствува непријатно кога ќе ѝ речете „На здравје“ неколкупати по ред.