Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 работи кои може да ги направите додека чекате да зоврие водата за чај

Времето кое го „губите“ чекајќи да зоврие водата за чај или пак кесичката добро да се промеша со водата, може да го искористите многу попаметно.

5-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-dodeka-cekate-da-zovrie-vodata-za-chaj-01.jpg

За сите оние на кои им фалат „барем уште 5 минути време“ во секоја дадена ситуација, односно кои мразат да губат време, можат да направат 5 работи во тие празни минути.

Масажа на лицето

Ритуалот за опуштање бара само малку крема, чисти раце и кружни движења по лицето и вратот. Нема точен и погрешен начин.

Кратка медитација

Ако сте почетник и никако не наоѓате време во денот кога може да се посветите на медитацијата, ова е добар начин. Пуштете музика или кратка водечка медитација и опуштете ги мислите барем на 5 минути.

5-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-dodeka-cekate-da-zovrie-vodata-za-chaj-02.jpg

Нега на рацете

Со оглед на тоа што миењето на рацете ни стана опсесивно компулсивна навика, нивната нега со кокосово масло или хидратантна крема значи многу.

Ислушајте и изиграјте една песна

Пуштете ја песната која во моментов ви го придвижува телото и заиграјте 3-4 минути низ кујната. Ќе сфатите колку ваквите ситници ве прават посреќни.

Напишете план за тековниот ден

Водете дневник со потточки, односно секоја потточка нека биде една обврска која сакате да ја завршите во текот на денот. За ова не ви требаат повеќе од 5 минути, таман колку што имате.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg