Паузи во зборување, лажни емоции - Знаци кои откриваат дали некој ве лаже
Без разлика колку уверливо звучат вашите лаги, вашето тело дава знаци врз кои немате контрола, а кои можат да ве издадат.
Најчесто, кога некој лаже најмногу внимание обрнува на зборовите што ги користи, па целосно го занемарува говорот на телото. Вие, пак, можете да го искористите ова и да препознаете дали некој ви ја кажува вистината или не.
Психолозите сметаат дека говорот на телото, како изрази и гестикулации, ги открива и најскриените намери на некоја личност.
Погледнете на што треба да обрнете внимание кога сакате да „фатите“ некој во лага:
Паузи при зборување
Една од најчестите промени во говорот кога некој кажува лага е правењето паузи.
Ако соговорникот прави подолги паузи од вообичаено, голема е веројатноста дека ве лаже.
Времетраење на емоциите
Според експертите, емоциите што ги чувствуваме траат околу 5 секунди.
Па, ако некој покажува иста емоција подолго време, можно е да се обидува да ве излаже.
Веројатно и сами имате забележано дека не го држите истиот израз на лицето повеќе од 10 секунди. Кога некој се обидува да одглуми емоција, не го зема ова предвид, па лагата станува очигледна.
Лош тајминг
Научниците откриле дека прво ги покажуваме емоциите со говорот на телото, а дури потоа користиме зборови.
Ова значи дека ако некој ви рече дека, на пример, е среќен за вас, а дури потоа ја преточи емоцијата во насмевка и слично, веројатно ве лаже.