Лизгање со поглед на Чикаго
Американската метропола Чикаго, која на посетителите им нуди безброј атракции, како што е стаклениот балкон на 103 кат, од неодамна го...
...има и највисокото лизгалиште на светот.
Во центарот John Hancock е отворено лизгалиште кое се наоѓа на висина од 300 метри.
Лизгалиштето се простира на 80 метри квадратни, а до него води лифт кој поминува низ 94 катови. Лизгањето со прекрасен поглед на Чикаго чини $5 долари што е ситница во споредба со картата за прочуениот 103 кат на Willis Tower каде е сместен и стаклениот балкон.
Мразот на лизгалиштето е вештачки, но организаторите тврдат дека рекреативните лизгачи нема да почувствуваат разлика. Погледнете како изгледа лизгање со неверојатен поглед.