Канцелариски трачеви
Канцелариските муабети умеат да бидат чисто оговарање, па затоа некои се трудат да ги избегнуваат тие собири и да си ја гледаат својата работа. Но, тие...
...разговори можат да бидат и многу корисни, па во нив сепак би требало да учествувате.
Повеќето луѓе со задоволсво би слушале канцелариски приказни, оговарања, трачеви, па и самите би раскажале нешто „сочно“.
Меѓутоа има и такви на кои ова однесување не им годи, па во потполност се исклучуват од ваквите муабети. Тоа не е добро бидејќи така испуштаат драгоцени можности да дознаат многу работи, при тоа не мислиме кој со кого спие и кој кому што му рекол.
Статистиките покажуваат дека 80% од канцелариските муабети се во врска со работата. Со избегнување на овие разговори пропуштате да чуете драгоцени информации за проекти во фирмата и да бидете во тек со работата.
Секако дека ќе чуете многу нагаѓања, но некои од нив може и да се остварат, а што побргу дознаете некоја информација, побргу ќе можете да ја употребите.
Ако дознаете дека се подготвува некој проект пред да биде официјално соопштено, можете да смислите како да допринесете за неговата успешност и идејата да им ја соопштите на шефовите пред да го стори тоа некој друг.
Сепак, во тие разговори можете да чуете и разноразни „валканици“. Тоа не значи дека и вие ќе си ги извалкате рацете, доволно е да премолчите.
Озборувањата, запомнете ги (со доза на сомнеж, се разбира) и ако во нив има нешто што можете да го употребите во работењето, искористете го, но без понатамошно прераскажување и ширење наоколу. На тој начин од ситуацијата го извлекувате најдоброто, а вие останувате чисти.