Како да стекнете вистински пријатели во триесеттите години?

Уште во средно или на факултет ни беше сосема природно секогаш да бидеме опкружени со поголема група луѓе, во која честопати се наоѓавме случајно, од која подоцна се раѓаа пријателствата.

Kako da steknete vistinski prijateli vo triesettite godini 01

Но, откако ова ќе заврши и ќе започне реалниот живот на возрасните, ситуацијата многу често почнува драматично да се менува. Имено, веќе по 25-тата година, бројот на пријатели во нашите животи почнува да се намалува. Во тоа време обично дипломираме и секој од нас се движи по свој пат.

Многумина стапуваат во брак, заминуваат во потрага по работа и подобар живот или, едноставно, го губат чувството за некогаш невиното и забавното пријателство.

Се разбира, тоа не е секогаш случај и некои пријателства опстојуваат, но многумина во своите триесетти години се борат да најдат нови пријатели, особено ако нивните животи не се движат во „нацртаната насока“ наметната од општеството.

Ова се неколку совети за тоа како и каде да се обидеме да развиеме пријателства после триесеттата година:

Пријателство на работа

Иако често се зборува дека пријателството и работата не треба да се мешаат, факт е дека поголемиот дел од времето го поминуваме во деловното опкружување. Затоа е неизбежно, порано или подоцна, да се зближиме со колегите.

И тоа е во ред. Сепак, обидете се да разговарате за нешто друго освен за работата или колегите.

Кажете „да“ на поканите за дружење

Токму таквите излегувања на кафе или пијачка (во нормални услови) се важен чекор во развојот на пријателството.

Ако вашите колеги од работа или други познаници ве поканат да им се придружите, прифатете ја поканата без размислување.

Ваквите разговори создаваат можности за запознавање нови луѓе. Иако ова ќе бидат значително помали групи на луѓе отколку, на пример, на училиште или факултет, врските што ќе ги создадете ќе бидат многу посилни.

Kako da steknete vistinski prijateli vo triesettite godini 02

Пронајдете пријатели на интернет

Животот ни стана незамислив без социјалните мрежи и бројните мобилни апликации, па зошто да не ги користиме за дружење? Постојат многу групи на социјалните мрежи кои собираат истомисленици.

Придружете им се, бидете отворени за конструктивни дискусии и можеби ќе „кликнете“ со некој. После тоа, сè што треба да направите е да го преместите вашето виртуелно пријателство во реалниот свет.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg