Страшните работи што не сте ги знаеле за кошмарите
Истражувачите не знаат многу за кошмарите, но не бидејќи не се обидуваат. Лошите соништа се лични, субјективни и минливи - затоа е тешко да ги проучите внимателно.
Иако многу работи не се знаат, тоа што го знаеме може да ве изненади, па дури и да ве исплаши.
Во продолжение прочитајте за страшните работи што ни се познати за кошмарите:
Не се буквални
Истражувачите се согласуваат дека повеќето кошмари се предизвикани од вознемиреност, но тие не се буквално толкување на она што ве мачи. Едно мало истражување ги проучувало соништа на луѓето по нападите на 11 септември. Нивната теорија е дека овие настани предизвикале некаква траума кај сите Американци.
Иако кошмарите се појавувале кај сите испитаници, никој од нив не сонувал нешто што е директно поврзано со „близначките“, авионите, па дури и падот на високите згради.
Никој нема да ве чуе како врескате
Во филмовите, луѓето се превртуваат на креветот кога имаат кошмари, а во реалноста не можете да врескате или да се движите кога имате кошмари.
Кога седите и врескате, веќе сте будни. Поради тоа се сеќавате на кошмарите појасно од другите соништа.
Кошмарите можеби се подготовка за нешто
Постојат многу теории зошто сонуваме - некои истражувачи веруваат дека соништата ја рефлектираат нашата потсвест, додека други тврдат дека ова е начин мозокот да функционира додека телото мирува.
Кошмарот може да биде начинот на кој мозокот се подготвува за стресна ситуација. Страшните соништа можат да бидат начинот на кој вашиот ум се подготвува за одредена ситуација или ви помага да се чувствувате помалку исплашено.
Постои нешто пострашно од кошмар
Ноќните стравови (терори) се ретки кај возрасните, а почести кај децата. За разлика од кошмарите, детето не може да се разбуди за време на ноќните стравови. Иако повеќето соништа се случуваат во РЕМ фазата, ноќните стравови се случуваат во наредната, односно четвртата фаза на спиење.
Ашера | Црнобело