Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 знаци дека сте ментално посилни од повеќето луѓе

Развојот на менталната сила е долг и тежок процес. Треба да вежбаме секојдневно за да станеме посилни, да одржуваме реален оптимизам и да поставиме здрави граници. 

10 znaci deka ste mentalno posilni od poveketo luge 01

Ментално силните луѓе не губат време на самосожалување и не ја трошат својата енергија. Дали и вие припаѓате на оваа група? 

Ова се 10 знаци на ментално силна личност:

1. Контролирање на емоциите со логика

Ментално силните лица се свесни дека чувствата можат да влијаат врз расудувањето. Со цел да донесат најдобрата можна одлука, тие ги контролираат емоциите со здрава логика.

2. Продуктивно однесување

Ментално силните луѓе не губат време на непродуктивни практики, како што се поплаки за други луѓе, избегнување на комплицирани ситуации и наоѓање изговори.

3. Справување со стравови

Ментално силните луѓе не мора да се справат со сопствените стравови за да се докажат пред другите. Истото го прават за да ја достигнат својата цел.

4. Учење од сопствени грешки

Психолошки силните луѓе не ги кријат своите грешки ниту ги оправдуваат, туку учат од нив.

10 znaci deka ste mentalno posilni od poveketo luge 02

5. Искрено радување на туѓи успеси

Ментално силните луѓе соработуваат со луѓето околу нив, не се натпреваруваат. Тие немаат чувство дека успехот на другите луѓе на некој начин ги намалува нивните достигнувања.

6. Поставеност на приоритети

Ментално силните луѓе донесуваат одлуки релативно лесно, затоа што ги знаат своите приоритети и ги исполнуваат своите вредности.

7. Вреднување на себеси врз основа на она што се, а не врз основа на она што го постигнале

Ментално силните поединци се чувствуваат добро во својата кожа, без разлика дали добиваат или губат.

8. Реален оптимизам

Ментално силните луѓе се способни да ја согледаат позитивната страна на одредена ситуација, но не дозволуваат нивната склоност кон оптимизмот да ги заслепи.

9. Прифаќање на одговорности

Психолошки силните лица не се казнуваат непотребно, но целосно ја прифаќаат одговорноста за своите постапки.

10. Работење да ги надминат слабостите, а не да ги скријат

Многу луѓе се обидуваат да ги прикријат своите слабости, но ментално силните лица ја вложуваат својата енергија во надминување на слабостите, без желба да ги скријат од другите.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg