Бонтон во ресторан

bonton-vo-restoran-povekjeБонтонот е јасен кога станува збор за однесување во ресторан, па не е лошо да се имаат во предвид правилата кои се предвидени во такви прилики.

 

За почеток, доколку мажот доаѓа во ресторан со припадничка на понежниот пол, тој секогаш прв влегува во ресторанот.

bonton-vo-restoran

Изборот на масата го прави тој и и помага на дамата да го соблече или облече палтото. Секако при седнување на маса најудобното место и припаѓа на жената.

Тоа значи дека во никој случај не треба да ја седне на промаја, на место кое служи за поминување или на столче кое ќе гледа кон ѕид.

Културен маж не седнува во ресторан сè додека жената не седнала и при тоа и го придржува столот за таа поудобно да се смести. При избор на јадење жената има предност.

Ако на масата има едно мени, мажот и го подава на жената и таа одбира прва, дури потоа мажот има можност да одбере што ќе порача.

Со келнерот разговара и порачува мажот - жената му се обраќа на келнерот само со посредство на својот кавалер.

Доколку дамата му го препушти на мажот изборот на јадење и пијалак, џентлмен никогаш нема да го одбере најевтиното.

Изборот на пијалак му припаѓа на посилниот пол, кој пред да одбере задолжително се консултира со својата дама.

Доколку таа инсистира на некое едноставно јадење, мажот не треба за себе да порача некои посебни специјалитети.

Грубото однесување со келнерот треба да се избегнува по секоја цена, особено ако се работи за замерки за услугата. Ако замерките се оправдани, треба мирно да се соопштат.

Доколку квалитетот на јадењето навистина не задоволува, треба да му се обратите на шефот на салата или работодавецот, бидејќи келнерот не може да биде одговорен за работата на готвачите.

Со многу малку внимание, на суптилен начин, можете да постигнете однесување кое со бонтонот се смета за пристојно.

Би можело да ве интересира:

„Направете нешто смешно со фоткава“ - Кога Фотошоп генијалци сериозно ќе си ја сфатат работата „Може ли некој да го тргне мојот бивши од фоткава?“ - луѓе на Редит бараат од пр...
7 работи со кои модерните жени се „опседнати“, но нашите баби ги игнорирале Совршен маникир и педикир, безброј активности за децата, „вечен“ младешки изглед...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
Колекционери ги покажуваат своите уникатни колекции (фото) Розови калкулатори, разни изданија од една книга, лути сосови – многу луѓе ширум...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...
Работи што на вработените од разни сектори им е „преку глава“ да ги слушаат, низ илустрации Некои луѓе очекуваат бесплатна фотосесија од нивниот пријател кој е професионале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg