Како да се справите со стравот и паниката предизвикани од пандемијата?

Во последниве денови бевме сведоци на зголемена паника поради пандемија што го зафати светот, а промената на вестите од час во час сигурно придонесува за тоа.

kako-da-se-spravite-so-panikata-i-stravot-predizvikani-od-pandemijata-01.jpg

Сепак, особено е важно да останете смирени во целата ситуација и да не подлегнувате на колективната паника и чувството на губење контрола.

Паниката е период во кој одеднаш се јавува интензивен страв, честопати придружен со чувство на опасност. Нападите на паника вклучуваат симптоми како останување без здив, болка во градите или непријатност, чувство на задушување и страв од губење контрола.

Луѓето се склони кон конформизам, односно влијанието на мнозинството. Ако го гледаме однесувањето на другите луѓе и нивните ставови како извор на информации за себе, затоа што веруваме дека нивното толкување на нејасна ситуација е поточно од нашето, ќе ни биде полесно да го насочиме нашето однесување.

Повеќе сме подложни на влијанието на мнозинството кога ситуацијата е нејасна, кога е криза и кога другите луѓе се експерти.

За да се спротивставиме на ова и да продолжиме што е можно понормално, треба да се разбереме што навистина се случува и да бидеме свесни за сите можни исходи.

Доколку периодов ви е тешко да се справите со стравот и паниката, овие совети ќе ви помогнат во тоа:

Информирајте се

За да го вратите чувството на контрола и безбедност, важно е да бидете разумни. Грешката што луѓето ја прават е „впивање“ на информациите што го потврдуваат нивниот страв.

Во овие ситуации корисно е да барате што е можно повеќе различни, но научно докажани и објективни информации, за да имате јасна и реална слика. Истото може да се постигне со намерно и свесно барање контрааргументи на вашето мислење.

kako-da-se-spravite-so-panikata-i-stravot-predizvikani-od-pandemijata-02.jpg

Бидете објективни и променетe ја перспективата

Кога ќе го погледнете бројот на заразени, нормално е да почувствувате страв. Но, не ја заборавајте целата слика.

Иако бројот на заразени се зголемува, се зголемува и бројот на луѓе кои се излечиле од корона вирусот. 

Фокусирајте се и на другите вести

Постојаното читање и размислување за една тема може да го направи стравот поголем. Нормално е периодов да се фокусирате на ситуацијата со корона вирусот, но не треба постојатно да размислувате за тоа.

Одреме-навреме обрнете им внимание и на позитивните нешта што се случуваат околу вас. Тешко е да ги избегнете вестите за корона вирусот, но не дозволувајте тие да го крадат целото ваше внимание.

kako-da-se-spravite-so-panikata-i-stravot-predizvikani-od-pandemijata-03.jpg

Однесувајте се одговорно

За да се намали групната хистерија, неопходно е да се свртиме кон индивидуални активности што поттикнуваат одговорно однесување. Секој од нас може да ја зголеми својата одговорност кон себе и кон другите.

Мoментално, сè што можете да направите е да ги следите препораките за спречување на ширењето на заразата, па фокусирајте се на тоа. Важен е придонесот на секоја личност, а вам ви останува да се однесувате одговорно.

Грижете се за себе

Периодов имате повеќе слободно време, па немојте да ја запоставите грижата за себе. Веројатно имате доволно време за готвење, па обидете се да се храните здраво. Сигурно сега имате и време за вежбање, па икористете ја моќа на интернетот и најдете некоја програма за тоа.

Доколку не можете да се смирите, дајте ѝ шанса и на медитацијата.

А, сигурно ќе се чувствувате многу подобро ако си направите и „спа-ден“ - направете си купка, ставете маска на лицето, направете маникир и педикир... Ова се активности што ќе ве опуштат и ќе ви помогнат да ги оттргнете мислите од пандемијата.

kako-da-se-spravite-so-panikata-i-stravot-predizvikani-od-pandemijata-04.jpg

Најдете ново хоби

Ако сте имале некое хоби што сте го запоставиле, сега имате одлична можност да му се вратите. Истовремено, можете да почнете и со нешто ново.

Благодарение на интернетот, можете да правите што и да поскате без да го напуштите домот. Читањето, пишувањето, онлајн курсевите, цртањето, гледањето филмови и серии се само дел од работите што ќе ви го подобрат расположението и ќе ви помогнат да избегате од сегашноста.

kako-da-se-spravite-so-panikata-i-stravot-predizvikani-od-pandemijata-05.jpg

Не заборавајте на издржливоста на луѓето

Луѓето се навистина отпорни суштества и досега човештвото преживеало секакви пандемии, војни и катастрофи. Ако ви е тешко да се убедите дека ќе го пребродиме и ова, слободно истражете што сè сме преживеале.

Ова ќе ви докаже дека луѓето се подготвени да издржат многу кризни ситуации и дека со текот на времето ќе ја надминеме и оваа.

Побарајте професионална помош

Ако сепак сметате дека ништо од ова не може да ви помогне, секогаш можете да се консултирате со професионалец.

Можеби сега сте затворени дома и не можете да одите кај терапевт, но технлоогијата ви е напомош. Замолете го вашиот терапев да поразговарате на телефон или преку пораки. Тој или таа ќе знае што точно треба да направите за да се справите со паниката и стравот.

Доколку не сакате да разговарате со терапевт, јавете ѝ се на некоја блиска личност која подобро се справува со ситуацијата. Споделете ги вашите грижи, а вашиот пријател сигурно ќе најде начин да ве утеши и да ви ја промени перспективата.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg