Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Работи што не треба да ѝ ги кажувате на личност која е под стрес

Не е лесно да се справите со стресот, а кога сме под стрес, најблиските личности со најдобра намера можат да ни кажат работи што ќе направат да се чувствуваме уште полошо.

Dva zbora sto ne treba da I gi kazuvate na licnost koja e pod stres 01

Kога комуницирате со лице кое е под стрес, треба да се избегнуваат два специфични збора - „треба“ и „зошто“.

Човек под стрес не мора нужно да бара совет. Поточно, психолозите истакнуваат дека лицето кое е под стрес, пред сѐ, сака да биде сослушано, односно да се ослободи од она што го мачи без да добие совет.

Покрај тоа, кога сакаме да помогнеме на некоја личност која е под стрес, честопати претеруваме со советите, поради што личноста се чувствува уште полошо.

Со други зборови, на вашиот пријател не му треба советување кога ќе побара ваша помош. Му треба пријател за да го слуша.

Кога разговарате со личност која е под стрес избегнувајте да го користите зборот „треба“ - треба да направиш/чувствуваш/размислуваш/дејствуваш. Корисењето на оваа наредба кај некој кој е емоционално ранлив не само што е себично, туку овие зборови целосно ги одвраќаат чувствата и мислите на таа личност.

Исто така, кога разговарате со лице кое е под стрес, имајте го предвид следново:

1. Бидете внимателни со прашањето „Зошто?“ -  прашувањето зошто некој се чувствува на одреден начин може да звучи осудувачки.

2. Поставувајте прашања на кои лицето не може да одговори само со да или не.

Запомнете, оваа личност сака да ги преиспита своите чувства, а прашањата на кои може да одговори со „да“ или „не“ не можат многу да ѝ помогнат.

Dva zbora sto ne treba da I gi kazuvate na licnost koja e pod stres 02

Постојат три важни работи што треба да ги постигнете со овие прашања:

1. Покажете дека активно ја слушате личноста, односно дека внимавате на она што го кажува.

2. Покажете дека доволно се грижите за таа личност и за нејзините проблеми.

3. Едно лице на овој начин може да ги процени, рационализира и вербализира своите (честопати сложени) чувства.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg