Уживајте во уметноста од удобноста на домот - 17 музеи кои нудат виртуелни тури

Властите ширум целиот свет преземаат најстроги мерки за спречување на ширењето на корона вирусот. Една од овие мерки е и карантинот.

uzhivajte-vo-umetnosta-od-udobnosta-na-domot-16-muzei-koi-nudat-virtuelni-turi-01.jpg

Нo, само затоа што сте затворени дома и што речиси ништо не работи, не значи дека не можете да се „прошетате“ низ некои од најпознати музеи во светот.

Имено, голем број музеи ја нудат опцијата „виртуелна тура“, па можете да ги разгледувате експонатите на музејот од удобноста на вашиот дом.

1. Познатата уметничка галерија во Мадрид, Thyssen-Bornemisza, направи онлајн изложба со делата на Рембрант, токму за луѓето кои планирале, а сега не можат да го посетат музејот.

2. Галеријата Uffizi во Фиренца ќе биде затворена до 3-ти април, но од неодамна се достапни 4 онлајн изложби од истата.

3. Музејот Лувр нуди неколку онлајн тури на неговиот веб-сајт, каде што можете да ги погледнете галериите со слики, просториите со експонати и артефакти, но и да ѝ се восхитувате на самата градба.

4. Британскиот музеј има виртуелна тура на која можете да го видите каменот од Розета и египетските мумии.

uzhivajte-vo-umetnosta-od-udobnosta-na-domot-16-muzei-koi-nudat-virtuelni-turi-02.jpg

5. Можете да „прошетате“ и низ уметничката галерија Tate Modern во Лондон, каде што се изложени дела од 1900-тите, па до денес.

6. Имате можност да посетите и една од галериите во музејот d’Orsay, каде што има десетици дела од француски артисти од периодот 1848-1914.

7. Исто така можете да ги видите и ремек-делата од холандската златна ера, во виртуелната изложба на музејот Rijksmuseum.

8. Музејот Paul Getty во Лос Анџелес нуди виртуелна тура низ огромната колекција слики, цртежи скулптури, записи и фотографии.

uzhivajte-vo-umetnosta-od-udobnosta-na-domot-16-muzei-koi-nudat-virtuelni-turi-03.jpg

9. Можете да ги видите и познатите спирални скали на музејот Гугенхајм, без воопшто да го напуштите домот.

10. Истражете ги препознатливите дела на Пикасо со помош на виртуелната тура на Музејот за модерна уметност (MoMA).

11. Националната уметничка галерија во Вашингтон има направено две онлајн изложби. Првата е за американската мода од 1740-та до 1895-та, а втората е колекција од делата на Јоханес Вермер.

12. Ако сакате да дознаете повеќе за историјата на Америка преку луѓето кои ја „напишале“, погледнете ја онлајн изложбата на познатиот Смитсонијан.

uzhivajte-vo-umetnosta-od-udobnosta-na-domot-16-muzei-koi-nudat-virtuelni-turi-04.jpg

13. За фановите на ван Гог – најголемата колекција од делата на Винсент ван Гог, кој содржи 200 слики, 500 цртежи и над 750 лични писма, сега е достапна и онлајн.

14. Првиот модерен музејот во Бразил, познат како Museu de Arte de Sao Paulo, исто така нуди виртуелна тура. Овде ќе најдете над 8.000 дела од Африка, Азија, Европа и Америка.

15. За љубителите на археологијата и историјата, Антрополошкиот музеј во Мексико Сити нуди онлајн тури каде што можете да погледнете голем број артефакти, вклучувајќи ги оние од Маите.

16. Институтот за уметност Courtalud има дури 9 онлајн галерии. Интересно е што можете и да ги зумирате ремек-делата на некои од најпознатите уметници.

uzhivajte-vo-umetnosta-od-udobnosta-na-domot-16-muzei-koi-nudat-virtuelni-turi-05.jpg

17. И Археолошкиот музеј во Македонија направи виртуелна тура за изложбата „100 години Требениште“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg