Чудни начини на кои мозокот си поигрува со нашата перцепција

Сте забележале ли дека кафето ви е најубаво во омилената шолја? А, дека пивото е повкусно кога го пиете од кригла? Дали можеби некогаш не сте забележале некоја промена, дури и ако била повеќе од очигледна?

chudni-nachini-na-koi-mozokot-si-poigruva-so-nashata-percepcija-001.jpg

Сите овие феномени, но и многу други, ги чувствуваат речиси сите луѓе, а главниот виновник е нашиот мозок.

Наводно, мозокот може да си поигра со нашата перцепција и со тоа да влијае врз нашите одлуки, начинот на кој се однесуваме, па дури и врз нашата самодоверба.

Во продолжение дознајте нешто повеќе за „лажењето“ на нашиот мозок:

Нашите очи можат да го променат вкусот на храната

Многу истражувања покажале дека бојата на чиниите и шолјите може да „одреди“ колку ќе ни биде вкусна некоја храна или некој пијалак. На пример, топлото чоколадо ќе ни се чини повкусно ако е во портокалова шолја.

Изгледа ова е причината што многу луѓе си имаат омилена шолја или омилена чинија.

Истражувањата дошле до неколку заклучоци за поврзаноста на видот и сетилото за вкус:

- Жолтите чинии ја засилуваат аромата на лимоните.

- Ладните пијалаци имаат подобар вкус ако се во чаша со „студена“ боја.

- Храната ни се чини поблага ако е сервирана во розова чинија.

Десната рака ни изгледа подолга од левата (ако сте деснораки)

Ако сте деснораки, сте забележале ли дека некогаш десната рака ви изгледа малку подолга? Ако, на пример, треба да земете нешто од масата, потсвесно сметате дека левата рака ви е пократка, па затоа посегате со десната.

Ова е илузија што ја создава мозокот и интересно е што е забележана само кај деснораките луѓе. Левораките испитаници немале забележано ваква разлика во должината на нивните раце.

chudni-nachini-na-koi-mozokot-si-poigruva-so-nashata-percepcija-03.jpg

Кога размислуваме за нас во иднина, размислуваме како за личност што не ја познаваме

Колку пати ви се случило да гледате телевизија наместо, да се подготвувате за нешто важно следниот ден? Многу луѓе се соочуваат со овој проблем, а изгледа има причина за тоа.

Кога размислуваме за нас во иднина, нашиот мозок си замислува личност што не ја знаеме. Мозокот смета дека некоја друга личност ќе се справи со последиците од нашата мрзеливост. А, таа друга личност сме всушност ние во иднина.

Токму поради ова луѓето прифаќаат нездрави навики, ги одложуваат нивните цели и прават лоши нешта. Тие не сфаќаат дека личноста која ќе се справи со последиците се сепак тие.

chudni-nachini-na-koi-mozokot-si-poigruva-so-nashata-percepcija-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg