Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кога сме посреќни - кога сме млади или на постари години?

Дали луѓето се посреќни на 20 или на 70 години? Ова прашање било во фокусот на едно ново истражување кое се обиде да открие како се менуваат нивоата на човековата благосостојба со стареењето. 

Dali so godinite stanuvame pomalku srekni 01

Одговорот до кој дошле, по деталната анализа на податоците, е дека младите луѓе се посреќни од постарите луѓе, но не многу.

Нивното истражување вклучувало 1,7 милиони луѓе од 166 земји. Резултатите покажуваат дека нивото на среќа е релативно стабилно во текот на животот, а во најлош случај покажува мал благ пад.

Треба да се каже дека биле мерени нивоата на среќа кај луѓето на возраст меѓу 20 и 80 години.

Но, ова не е сè што тие дознале. Забележано е дека локацијата каде луѓето живеат значително влијае на нивото на среќа. Интересно е што само во т.н. Англо-сфери (Австралија, Канада, Ирска, Нов Зеланд, Велика Британија и САД) луѓето се посреќни кога пристапуваат кон пензија.

Dali so godinite stanuvame pomalku srekni 02

Од друга страна, најголем пад на задоволството од животот со годините е забележан во Источна Европа и Медитеранот.

Истражувачите, исто така, сакале да проверат колку бракот и работата влијаат врз човечката среќа. Откриено е дека нивото на среќа на лицата во брак и вработените лица, со текот на годините, полека се намалува, што не е големо изненадување.

Забележано е и дека најголемата разлика во нивото на среќа меѓу овие групи било на 50-годишна возраст.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg