Чиста и пеглана облека: Што ја прави една жена - дама?
Вистинската дама не ги следи слепо модните трендови. Таа не имитира никого. Добро се познава себеси. Не блефира.
Вредностите кои ги има една дама се вечни, и треба да ги имате секогаш на ум.
Нежни раце
Рацете треба да ги негувате секојдневно. Не само тогаш кога ќе почнат да ви се сушат. Еднаш во неделата правете пилинг на рацете. Ноктите треба да ви бидат негувани, и да имате макар безбоен лак.
Здрава коса
Косата мора да биде чиста и негувана. Редовно посетувајте фризер, шишајте ги врвовите. Расцветани краеви се недопустливи. Ако ја бојадисувате косата, правете го тоа со квалитетни бои.
Рамномерен тен
Не постои ситуација во која може да го прескокнете утринското или вечерното чистење и миење на лицето. Еднаш неделно направете пилинг. Поедноставно е да се откажете од трошење пари на алишта, отколку да користите неквалитетна козметика.
Здрави заби
Секојдневно миење на забите после оброк и посетување на стоматолог. Користете забен конец.
Дамата е секогаш чиста
Ако ја преферирате титулата дама, мора да се туширате секој ден. Облеката да ви биде совршено чиста и испеглана. Да носите квалитетни алишта, да не ви висат од никаде конци. Парфемот треба да ви прилега.
Знае да се шминка
Свечена шминка за настани и навечер, суптилна шминка преку ден. Никогаш не ја поправајте шминката на јавно место.
Што е она што го нема вистинската дама?
Нема силикони
На жените со стил нема ништо вештачко и претерано. Цврстината на градите ја одржува со редовно вежбање и правилна нега. Големината не е важна, важно е како ги носите.
Нема подрасната коса
Никогаш не дозволувајте да ви се забележува пораснат корен на косата.
Нема влакна на надусниците
Мустаќите се резервирани за мажите. Редовно отстранувајте ги влакната над усните.
Дискретно се кити
Накитот не смее да биде крупен и впечатлив. Носат само софистицирани парчиња. Бижутерија не доаѓа во предвид.
Нема скинати хулахопки
Чорапите мора соодветно да стојат на ногата. Да не се закачени или скинати. Резервен пар секогаш да имате при рака. Заборавете на „ќе го спречам ширењето со лак за нокти“.
Е. П. | Црнобело / фото: depositphotos.com