Знаци што покажуваат дека сте себичен пријател и како да го смените тоа
Пријателствата понекогаш можат да бидат комплицирани. Дури и меѓу најдобрите пријатели има конфликти, но тие најчесто наоѓаат начин да ги надминат сите несогласувања.
Но, што ако вие сте главниот проблем во вашиот однос? Дали можеби сте премногу себични? А, како да го препознаете ова?
Еден начин е да обрнете внимание на вашето однесување додека разговарате со вашиот пријател. Ако тој верува во вас и ги споделува проблемите што го мачат, а вие почнувате да зборувате за себе и за вашите поголеми проблеми, тоа е сигурен знак дека сте себичен пријател.
Пријателствата во кои едната личност го има зборот, а другата само молчи и слуша, немаат светла иднина. Треба да постои реципрочен однос меѓу луѓето, како и взаемно почитување.
Друг знак дека сте себични може да биде непочитувањето на времето на вашиот пријател.
Не е во ред да доцните, да не одговорите на пораките или пропуштените повици, а особено е проблематично ако често го откажувате дружењето во последен момент, дури и ако тоа е видео повик.
Што треба да направите ако сте себичен пријател?
Добрата вест е дека постојат начини да се искупите и да ги поправите вашите грешки.
Поминувајте повеќе време со вашиот пријател и слушајте го до крај. Обидете се да му помогнете на најдобар начин и да не ги ставате вашите проблеми во разговорот, освен ако е потребно.
Бидете секогаш тука за пријателите и не ги земајте здраво за готово. И никогаш, но никогаш не го откажувајте дружењето за да го поминете времето со некој друг (дури и во овој период кога треба тоа да го правите почесто виртуелно).
Ашера | Црнобело