Черофобија - Зошто некои луѓе се плашат да бидат среќни?
Го знаете чувството кога нешто изгледа премногу добро за да биде вистина? Кога мислите дека толку многу добри работи ви се случиле во последно време, што почнувате да се сомневате?
Некои медицински професионалци сметаат дека ова е еден вид вознемиреност. Луѓето едноставно не можат да се ослободат од ова чувство, а се работи за ирационален страв од среќа, наречен и черофобија.
Терминот е изведен од грчкиот збор „chairo“, што значи радување.
Може да се каже дека луѓето кои страдаат од оваа фобија имаат страв да учествуваат во нешто забавно. Тие не се плашат од самите активности, туку стравуваат дека ако се предадат на таа среќа, ќе им се случи нешто лошо.
Черофобијата не е широко распространета и овој страв не е ниту официјално признат како ментално нарушување кое бара третман. Сепак, некои медицински експерти сметаат дека ова е еден вид вознемиреност.
Човекот што страда од черофобија не е постојано тажен, туку едноставно избегнува настани и активности што можат да го направат среќен.
Кои симптоми ја карактеризираат черофобијата?
- Вознемиреност кога сте поканети на социјален собир
- Ги пропуштате можностите што можат да доведат до позитивни животни промени од страв дека ќе се случи нешто лошо
- Одбивате да учествувате во „забавни“ активности
- Мислите дека нешто лошо ќе се случи ако сте среќни
- Мислите дека сте лоша личност заради среќата што ја чувствувате
- Мислите дека обидот да бидете среќни е губење време
Кои се причините за појава на черофобија?
Ако причината за ова е поврзаноста помеѓу среќата и казнувањето во детството, истото може да биде поврзано со, на пример, страв од конфликт со некој близок.
Ако нешто лошо ви се случило после некој среќен настан, можеби нема да сакате повторно да бидете среќни.
Всушност, не постојат многу работи што можете да ги направите, освен да се обидете да се справите стравот, да си дозволите да уживате во моментот и, едноставно, да бидете среќни. Бидејќи среќата не е нешто што доаѓа и оди, среќата е секогаш околу нас.
Прашањето е само колку знаеме да ја препознаеме.
Ашера | Црнобело