Доење со пирс на брадавица, дезинфекција со хидроген пероксид - Митови и факти за пирсингот што би требало да ги знаете

Пирсингот е можеби најстарата техника за модифицирање на телото. Украсувањето на ушите и телото со обетки и накит е „тренд“ што постои илјадници години и се среќава во речиси секоја култура.

mitovi-i-fakti-za-pirsingot-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-01.JPG

Но и покрај долгата историја, сè уште постојат некои митови и заблуди за пирсингот.

Во продолжение погледнете ги најчестите:

Пиштолот е подобра опција од иглата

Ако сте правеле дупчиња на ушите во златара, најверојатно ви ги направиле со пиштол. Но наводно, иглите се многу подобра алатка за ова.

Постојат неколку причини за тоа:

- За време на продупчувањето можно е местото да покрвави. Пиштолот е речиси невозможно да се дезинфицира после нешто вакво, за разлика од иглата која е многу попрактична.

- За да се направи дупка со пиштол, мора да се користи многу остра обетка. За разлика од специјалната игла за пирсинг, обетката може да предизвика поголема болка.

- Иглата е многу попрецизна од пиштолот, па со неа се намалува ризикот од асиметрично поставени дупчиња на ушите.

mitovi-i-fakti-za-pirsingot-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-02.JPG

Откако ќе ви направат дупка, мора да носите обетки од сребро или злато

Ова е уште еден мит во кој не треба да се верува, најмногу бидејќи организмот на сите е различен.

Многу луѓе одбираат поевтини обетки од злато, но проблемот е што понекогаш тие можат да содржат и никел. Кај некои луѓе, никелот може да предизвика алергиска реакција.

Нерѓосувачкиот челик, од друга страна, не предизвикува алергиски реакции, а иглите за пирсинг се направени токму од него. Но, експертите препорачуваат дека овој челик не е најдобар избор кога раната од дупчето сè уште зараснува. Наводно, ќе треба да најдете обетка од чист нерѓосувачки челик, а ова може да биде тешко.

Веднаш после пирсингот, најдобро е да одберете материјали кои не предизвикуваат реакции на кожата. Експертите советуваат дека титаниумот е добар избор. Сепак најубаво е да се консултирате со експерти.

mitovi-i-fakti-za-pirsingot-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-03.JPG

Во новото дупче можете да ставите секаква обетка

Всушност, повеќето обетки не е добро да се носат веднаш откако ќе го направите дупчето.

Внимавајте обетката да нема многу „набори“ во кои може да се собере нечистотија. Сепак, некој период дупчето ќе има отворена рана, а сигурно не сакате да ја наполните со бактерии од обетката.

Постојат посебни обетки кои се препорачува да се носат некој период после пирсингот. Најчесто тие се подобро полирани и иако е потешко да се наместат, нема да предизвикаат штета.

mitovi-i-fakti-za-pirsingot-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-04.JPG

Морате да ги мрдате обетките

Наводно, ова е најлошиот совет што можете да го добиете.

Постојаното движење на обетката ќе го забави зараснувањето на раната. Поради ова, експертите советуваат дека ако ставате пирс на носот, на почетокот да ги избегнувате оние во форма на алка бидејќи се движат полесно.

Ако ја одржувате хигиената на новото дупче и ги следите советите од личноста што ви го ставила пирсот, не треба да правите ништо дополнително, како мрдање на обетката.

mitovi-i-fakti-za-pirsingot-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-05.JPG

Хидроген пероксидот ви е најдобар пријател

Изгледа дека и хидроген пероксидот не е најдобро решение.

Научниците не се сигурни за дезинфекцијата што ја нуди хидроген пероксидот. Наводно, СЗО има категоризирано 3 антисептици, а на листата не се наоѓа хидроген пероксид.

mitovi-i-fakti-za-pirsingot-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg