Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Доење со пирс на брадавица, дезинфекција со хидроген пероксид - Митови и факти за пирсингот што би требало да ги знаете

Пирсингот (не) предизвикува болка

Болката што ќе ја чувствувате зависи од местото на кое ќе ставате пирс.

Најмалку болни се ушните ресички и папокот. Малку посилна болка се чувствува на веѓите, усните, јазикот и носот.

Поболно од ова се ушните школки, најмногу бидејќи ставањето на пирсот е потешко на ова место.

Најболно место за пирсинг се интимните делови и брадавиците.

mitovi-i-fakti-za-pirsingot-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-07.JPG

Ако ја отстраните обетката, дупчето веднаш ќе зарасне

И ова е само мит бидејќи кај секој човек заздравувањето се одвива различно.

На пример, кај некои луѓе дупката од пирсот на папокот може да зарасне за една година, а кај некои да стои три години.

Доколку имате дупка од пирс која сакате да зарасне побрзо, најдобро е да се консултирате со лекар. Сепак, тој е експерт и знае што би требало да правите.

mitovi-i-fakti-za-pirsingot-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-08.JPG

Пирсот на јазикот предизвикува тешкотии при зборување

Нормално, веднаш откако ќе го ставите пирсот, ќе чувствувате неудобност. Притоа, ќе ви биде потребно и време да се навикнете на новиот предмет во вашата уста. Но, според истражувањата, пирсот на јазикот нема да предизвика проблеми со зборувањето.

Можеби поголема штета ќе претрпат забите – доколку често ги допирате со обетката на јазикот можно е да ги оштетите.

mitovi-i-fakti-za-pirsingot-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-09.JPG

Пирсот на папокот може да стои и во текот на бременост

Доколку пирсот не ви претставува проблем и кожата не се затега премногу, можете и да го оставите. 

Сепак, ако забележите дури и најмала неудобност, најдобро би било да го извадите, а најсигурна опција е да се консултирате со вашиот лекар како стручно лице уште на самиот почеток. 

mitovi-i-fakti-za-pirsingot-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-10.JPG

Пирсот на брадавиците не пречи при доење

Иако многу жени со пирс на брадавиците без проблем ги дојат своите деца, сепак постојат неколку ризици.

Пирсот може да ги оштети нервите на брадавиците, а со тоа да предизвика проблем при лачењето млеко.

Експертите советуваат жените да не ставаат пирс на брадавици додека дојат или во текот на бременоста. Овој период чувствителноста на брадавиците е преголема, па болката може да биде неподнослива.

Некои жени го вадат пирсот дури дојат. Во овој случај, осигурете се дека добро ќе ги исчистите обетката, градите и рацете.

mitovi-i-fakti-za-pirsingot-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-11.JPG

Колку порано ќе се направат дупчиња на ушите, толку подобро

Дали ќе му стават обетки на детето или не, одлучуваат само родителите.

Некои сметаат дека е подобро да се стават обетките на многу мала возраст – така детето нема да ја помни процедурата. Други, пак, мислат дека е подобро детето само да одлучи дали ќе сака обетки.

Без разлика која е вашата одлука како родители, добро би било да ги земете предвид и овие факти:

- Имајте на ум дека нема како да му кажете на детето да седи мирно додека му ги ставаат обетките. Тоа сигурно ќе мрда и ќе прета.

- Подобро не ставајте големи обетки на мало дете. Постои опасност да ги извади и да се повреди, но и да ги стави во уста.

mitovi-i-fakti-za-pirsingot-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-12.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg