Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 прашања кои пристојните луѓе никогаш не ги поставуваат

Комуникацијата е добра вештина, како за работа, така и за живот. Но, дури и пристојните луѓе понекогаш ненамерно поставуваат прашање што може да предизвика нервоза кај другите луѓе. 

pet-prasanja-sto-ne-gi-postavuvaat-pristojnite-luge-01.jpg

За да не се најдете во ваква ситуација, ова се неколку прашања што треба да ги избегнете ако сакате да оставите добар впечаток и да остварите контакт со новите луѓе:

1. Ова е мајка ви?

Доколку не сте потполно сигурни во односот на луѓето што ги запознавате, подобро е да не пробувате да погодите. Вашиот соговорник веројатно ќе биде навреден. Можеби ќе ја наречете неговата постара сестра мајка, што може да се сфати како сериозна навреда.

2. Колку долго сте заедно?

Луѓето сакаат да зборуваат за нивните односи, но и за односите на другите. Во секој случај, ако вашите соговорници веднаш не го споделат статусот на нивната врска, подобро е да не ги прашувате за тоа колку време се заедно и дали се во брак или планираат да го сторат тоа.

3. Кога ќе имате деца?

Прашања како „Дали имате деца?“, исто така, треба да се избегнуваат, како и прашањата „Дали си бремена?“, „Дали претпочитате момче или девојче?“ Овие прашања можат лесно да ги повредат луѓето, особено паровите кои не можат да имаат деца.

Pet prasanja sto ne gi postavuvaat pristojnite luge 02

4. Зошто имаш потреба од толку скапо хоби?

Зборување за хоби е добра тема за разговор. Може да им помогне на луѓето да се дружат. Исто така, постојат голем број на прашања што можат да го стават соговорникот во незгодна ситуација. На пример, да прашате некого дали има потреба од 5 кучиња или зошто се занимава со скапо хоби не е пријатно прашање.

5. Колкава ти е платата?

Наместо ова прашање, подобро е да прашаме какви се платите генерално во секторот со кој се занимава таа личност. Понекогаш луѓето не сакаат да признаат дека заработуваат помалку од очекуваното и дека ги сакаат своите работни места.

Или дека не ја сакаат својата работа и сакаат да ја променат, но сè уште не нашле нешто што им одговара. Во секој случај, прашањата за парите и заработката се премногу лични и не треба да ги поставувате.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg