Подароци за Св.Валентин
Да, знаеме – Св. Валентин е католички празник, но сепак полека го присвојуваме и кај нас. Паровите практикуваат да си подаруваат по нешто на овој ден.
Пред да тргнете во потрага по подарок за саканата или саканиот размислете колкава сума пари сте подготвени да одвоите. Ова е неколку предлози:
Подароци со кои не можете да погрешите:
1. Подарете купон за некоја услуга (масажа, патување, курс по странски јазици, тест возење на автомобилот од соништата...).
2. Козметички производи.
3. ЦД со вашите омилени заеднички песни.
4. Секси играчки.
5. Долна облека.
6. Букет цвеќе.
7. Накит.
8. Романтична вечера за двајца која сте ја подготвиле сами.
Оригинални подароци:
1. Професионални секси фотографии.
2. Стриптиз само за негови/ нејзини очи.
3. Компилација од заеднички фотографии во албум, на шолја или во вид на слагалица.
4. Љубовно писмо или песна во шише или можеби персонализирана видео порака.
5. Панорамски лет со балон.
6. Катанец за вечна љубов (Катанец на кој се изгравирани вашите иницијали).