Каква мајка е кралицата Елизабета?

Кралицата ги доела своите деца

Покрај сите правила на однесување и протоколи, тешко е да поверувате дека кралицата Елизабета одлучила да ги дои своите деца.

Истото го правела и нејзината мајка.

kakva-majka-e-kralicata-elizabeta-08.JPG

Била засрамена од реалното шоу на принцот Едвард

Во 1987-ма, принцот Едвард направи реално шоу со кралското семејство наречено „It’s a Royal Knockout“. Во шоуто се појавија Едвард, Ен, Ендру и војвотката од Јорк, но и неколку славни личности, како Џон Траволта и Кристофер Рив.

Шоуто го сочинуваа смешни предизвици и настани и беше доста успешно. Сепак, се смета за најголемата кралска катастрофа и кралицата била засрамена од него.

kakva-majka-e-kralicata-elizabeta-09.JPG

Чарлс смета дека кралицата била „отсутна“

Врската на Чарлс и кралица е комплицирана. Љубовта постои, но како да недостасува нејзиното покажување.

Самиот Чарлс има изјавено дека мајка му не била незаинтересирана, туку „отсутна“.

kakva-majka-e-kralicata-elizabeta-10.JPG

За Ен била како и секоја друга мајка

Принцезата Ен, пак, има друга слика за нејзината мајка:

„Ние како деца не баравме премногу бидејќи ги разбиравме ограничувањата и обврските што ги има како монарх. Не верувам дека кој било од нас, за момент помислил дека таа не се грижи за нас како секоја мајка за своето дете.“

kakva-majka-e-kralicata-elizabeta-11.JPG

Од ќерка ѝ направила навистина силна жена

Во 1974-та, 23-годишната Ен била речиси киднапирана. Наводно, додека се возела во автомобил со тогашниот сопруг Марк Филипс, некој се приближил до автомобилот, извадил пиштол и ѝ рекол на Ен да излезе.

Ен рекла дека нема шанси и успеала да ја отвори задната врата автомобилот и да излезе од неа.

kakva-majka-e-kralicata-elizabeta-12.JPG

Сепак, мајчинството е најважното нешто

Кога Елизабета ја прашала Кејт Винслет дали си ја сака работата, актерката одговорила:

„Да, но уште повеќе сакам да сум мајка.“

На што кралицата одговорила:

„Да, тоа е најдобрата работа.“

kakva-majka-e-kralicata-elizabeta-13.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg