Зошто не треба да паничите ако ви се ближи 30-тиот роденден?
Ако сте во доцните 20-ти години, веројатно самата помисла на пресвртницата којашто ви се приближува, помалку ве заплашува.
На дваесет и „кусур“ години, 30-годишната возраст за повеќето изгледа како нешто што е крајно возрасно, досадно, па дури и мрачно.
Можеби чувствувате како вашите соништа од детството и безгрижните радости на младоста полека ви се лизгаат низ прстите…
Но, во суштина ништо не е онака како што изгледа.
Во продолжение ви изнесуваме 6 доблести со кои може да се пофалат 30-годишните луѓе:
1. „Триесетката“ се смета за најбалансираната возраст
“Единственото време кога навистина „целосно“ живеете е од 30 до 60-годишна возраст. Младите се робови на соништата, старите жалат за пропуштеното. Само средовечните ги имаат сите пет сетила во чувањето на своите духови”. - Херви Ален
„Средовечен“? Ох, тоа боли. Но, поентата е сосема друга.
Значењето на овој цитат е дека после 30 години, вие сте премногу стари за да живеете во илузиорниот свет на детски перцепции и незрели верувања, но сепак сте доволно млади за да го живеете животот во потполност.
Искористете ја правилно вашата возраст, а со неа и можностите за користење на вашите аспирации и енергијата за нивното исполнување.
Во исто време, го гледате светот на пореален, рационален начин.
Животот можеби веќе „скрши“ неколку од вашите илузии, но вие на нив гледате како големи лекции.
Му пристапувате на животот постабилно и навистина поразумно од порано.
2. Подобро знаете кои сте и за што вреди да се стремите
Секој се запознава себеси на различна возраст.
Сепак, до моментот кога ќе се приближите до своите 30-ти, веројатно веќе ќе знаете неколку работи за себе.
Каков тип на личност сте, што очекувате од животот, кои се вашите главни цели, како сакате да го поминувате своето време, со какви луѓе сакате да бидете опкружени.
Ова значи дека имате помала веројатност да потрошите време на работи и луѓе кои не се наменети за вас. Овојпат навистина ќе знаете што сакате.
На овој начин, стабилно се приближувате до исполнување на вашата животна цел.
3. Престанувате да се грижите како порано
Не велиме дека полнењето 30 години претвора во ладнокрвна и рамнодушна личност, но, вистината е дека во оваа фаза од животот, некои работи престануваат да ви бидат приоритет.
И тоа е добра работа. Веројатно не обрнувате толку многу внимание на она што мислат другите за вас или дали ќе ви судат за вашите одлуки или не.
И најдобриот дел е што повеќе не се плашите да изгледате глупаво или чудно. Уживате во вашите избори и гордо го прикажувате тоа.
Некои работи за кои сте се грижеке кога сте биле помлади, сега ви изгледаат глупаво.
Кому му е грижа колку сте го платиле вашиот фустан ако вие се чувствувате пријатно и самоуверено во него?
Повеќе не целите да ги импресионирате оние околу вас или пак да останете во чекор со она што тие го прават.
4. Вашиот „социјален круг“ се заснова на квалитет, а не на квантитет
Со самата возраст се менуваат многу работи, вклучувајќи го и вашиот социјален круг.
Сфаќате дека некои луѓе не треба да имаат место во вашиот живот само затоа што сте на некој начин поврзани или пак „премижувате“ само за да не го расипете друштвото.
За жал или за среќа, сите се менуваме, а некои луѓе со кои некогаш сте биле блиски можеби сега ги чувствувате како странци.
Никој не е виновен - залудно се обвинувате себеси.
Секој го следи својот уникатен пат во животот, а понекогаш и вашите училишни пријатели, братучеди и колеги едноставно преземаат поинаков пат.
Исто така, сте „отстраниле“ некои луѓе од вашиот живот затоа што тие не допринесувале ништо позитивно во него.
Секој имал барем еден пријател или пак семеен член кој уживал во озборувања и драми или пак секогаш барал услуги, а исчезнувал кога најмногу ви бил потребен.
Кога ќе ги достигнете 30-тите години, разумно ќе се оградувате од таквите луѓе во животот.
5. Почнувате да ги цените работите кои се навистина важни
Жален е фактот што кога растеме, го губиме чувството за чудо и можноста да се чувствуваме импресионирани и изненадени.
Сѐ повеќе станува потешко да уживате во себе и во животот.
Токму поради ова, ќе почнете да ги цените исполнетите искуства и срдечните моменти за материјалните поседи.
Ќе ги цените работите како длабоки и долги разговори, исполнети врски, добри книги, значајни стихови и сето она што ја „храни“ вашата душа и ум.
Впрочем, овие работи се многу поретки и потешки за наоѓање од сите материјални работи што може да ги купите.
На крајот на краиштата, оние работи кои навистина остануваат со нас низ годините речиси никогаш не се материјални.
Размислете, на што би се сетиле 10 години од сега: лудата караоке забава со вашите најдобри пријатели или пак новиот мобилен телефон кој веќе не постои?
6. Се откажувате од нереални очекувања
Кажувањето „стоп“ на вашите нереални очекувања, имено ве заштитуваа од бруталната реалност на животот.
Веројатно постои множност да бидете повеќепати разочарани, но тоа е природен и што е најважно, апсолутно неопходен процес на растење.
Како што стареете, сфаќате дека оние околу вас само се обидуваат да бидат среќни и да постапуваат според нивото на перцепција, што значи дека нивните постапки и однесувања не секогаш ги исполнуваат вашите очекувања.
Тоа е ослободителен факт, затоа што ви дава повеќе простор за прифаќање и помалку простор за проценка.
И, како главен резултат, станувате подобра и помудра личност.
Мила М. | Црнобело