Време е да не правите ништо!
Дали сеуште стравувате дека одморот е губење време или сте подготвени да се препуштите на неговиот благодет? Верувале или не, неработејќи...
...ништо можете многу да постигнете. Ќе ги наполните батериите, па на својата следна задача ќе и пријдете со нова енергија. Ќе бидете покреативни и поефикасни.
Време е да забележите дека понекогаш кога ќе ви се „блокира“ мозокот, помага ако ги пуштите мислите на „пасење“ правејќи некоја вообичаена или едноставна работа, како што е варење чај или туширање.
Активностите кои се повторуваат можат да го поттикнат вашиот мозок на критично размислување. Така доаѓа до израз креативната страна на мозокот, ви паѓаат на ум креативни идеи кои штом завршите со туширањето (или со шолјата чај) ќе продолжите да ги разработувате.
Покрај тоа ако имате повеќе енергија, тоа врз другите ќе делува како магнет. Подобрете ги своите односи со луѓето, бидејќи ако се одморите ќе се чувствувате посреќни и тоа чувство ќе го споделите со другите. Ако одвоите само малку време за одмор, ќе го намалите стресот, што е од клучно значење за вашиот имунитет.
Значи - ако телефонски повик ве прекине во работата, направете пауза и поприкажете си со личноста која ви се јавила.
Одморете 15 минути во кревет пред да станете, во кафулињата седнувајте секогаш на удобно столче, набљудувајте ги луѓето, одложете ги работите кои не мора да се завршат денес.
Ако сте од оние кои не се одвојуваат од компјутерот, можност да прошетате ќе имате во моментот кога компјутерот ќе ви се блокира. Откажете ги обврските, сите или само една, која ви делува најоптеретувачка за тој ден.
Воопшто, избегнувајте ситуации кои би ве терале да „скокате“ и да правите нешто „многу важно“. Ништо не е поважно од вас!