Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како се однесува личност со недостаток на емоционална интелигенција?

Неразвиената емоционална интелигенција се одразува врз социјалниот живот и односите што ги градиме со луѓето. Некои експерти сметаат дека е дури и поважна од коефициентот на интелигенција, особено кога станува збор за шансите за успех во животот. 

kako-se-odnesuvaat-lugjeto-so-nedostatok-od-emocionalna-inteligencija-01.JPG

Веројатно не ви е тешко да се сетите кога последен пат се расправавте со некој бидејќи не ги искажавте вашите чувства, или обратно. И во двата случаи, постои недостаток од познавање на емоциите.

Емоционалната интелигенција одредува како се однесуваме со колегите, работодавачите, пријателите, членовите на семејството или која било друга личност.

Ако забележите дека честопати се соочувате со тешкотии во комуникацијата, време е да промените нешто во вашето однесување.

Доколку тоа е вашиот проблем, прво добро би било да знаете како се однесува личност со недостаток на емоционална интелигенција:

Често започнува кавги

Веројатно досега сте се сретнале со луѓе кои сакаат да се расправаат со речиси секој. Проблемот е недостигот од разбирање на другата страна, односно како се чувствува соговорникот во тој момент.

Смета дека другите луѓе се пречувствителни

Друга форма на однесување што врзува некое лице со ниско ниво на емоционална интелигенција е давањето коментари кога не е ниту време, ниту место за нив.

Кога на личноста ќе ѝ се укаже на тоа, таа смета дека е во право и дека другите луѓе се пречувствителни.

Ова не изненадува, бидејќи станува збор за личност која не ги разбира туѓите чувства.

Kako se odnesuva licnost so nedostatok na emocionalna inteligencija 02

Ги обвинува другите за своите грешки

Не е секогаш лесно да се види која била причината за проблемот или кои емоции и реакции нѐ ставиле во незгодна ситуација. Ова им е особено на тешко на луѓето со ниска емоционална интелигенција.

Тие секогаш наоѓаат изговори за своите постапки - на пример, коментираат дека не можеле да дејствуваат поинаку во дадените околности.

Тие не преземаат никаква одговорност за своите грешки, и покрај тоа што се чувствуваат огорчено.

Не можат да се справат со силни емоции

Кога тие, или некој нивен близок минува низ тежок период, тие не можат да ја препознаат длабочината на емоцијата.

Честопати се повлекуваат за да не мора да сведочат на изливот на тагата, лутината или другите интензивни чувства.

kako-se-odnesuvaat-lugheto-se-nedostatok-do-emocionalna-inteligencija-02.JPG

Тешко одржуваат пријателства

Лицето со ниско ниво на емоционална интелигенција делува грубо и ладно и нема долгорочни пријатели. Блиските односи бараат давање и примање, споделување чувства, разбирање и поддршка - нешто што на овие луѓе не им оди најдобро.

Немаат сочуство кон другите

Лицето со неразвиена емоционална интелигенција тешко може да ги стави другите луѓе на прво место. Причината е што не чувствува речиси никаква емпатија.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg