Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Со кои кристали може да привлечете богатство и пари?

Живееме во време кога постојано трагаме по начини на стекнување на поголемо богатство. 

so koi kristali moze da privleceto bogastvo i pari 5

Слушаме секакви мотивациски говорници, пробуваме да го смениме начинот на размислување, бараме совети по интернет, се консултираме со нашите блиски. Едноставно сакаме и да трошиме, но и да штедиме.

Де за летување, за нов телефон, нов станбен простор, а некои од нас штедат и за пензија. Веројатно многумина пробале безброј начини за да привлечат пари во сопствениот живот, но сигурно многу помал број на луѓе се оние кои пробале тоа богатство да го достигнат со помош на кристали.

После ова ќе ви стане јасно дека некои одредени полудрагоцени камења и кристали можат да играат голема улога во вашиот живот, само треба да се користат на вистинскиот начин.

За кои кристали и камења се смета дека привлекуваат богатство?

Ќе почнеме со цитрин, кристал кој е познат како магнет за пари и богатство и во себе ја содржи чистата сончева утринска светлина. Освен што го подобрува финансискиот сегмент, задолжен е да ја привлекува и среќата во други области.

Слободно може да го сместите во каса или паричник, а може да се носи и со себе за да имате подобро расположение и полесно да ги остварите зацртаните цели во животот.

Со поседување на овој кристал, познат и како кристал на трговците, ќе имате можност и да го задржите богатството што веќе го имате стекнато.

so koi kristali moze da privleceto bogastvo i pari 3

Кристалот со млечно зелена боја, кој се смета дека носи успех и среќа е познат како жад. 

Ако малку сте почнале да лутате во животот, овој кристал ќе ви помогне да ја препознаете вистинската цел, а посебно ќе се залага во сегментот поврзан со финансии. Исто така ова е и камен на љубовта во сите облици и нивоа.

Не двоумете се, набавете си еден жад и со добра нега привлечете ги најдобрите можности што ви престојат на патот и со негови фреквенции хармонизирајте го сопственото тело.

Оние кои веќе долго време го користат советуваат да се стави во близина на паричник или каса, за полесно да привлечете нови извори на финансии.

so koi kristali moze da privleceto bogastvo i pari 1

Во листата ќе го спомнеме и кристалот кварц, кој буквално е достапен во сите бои.

Ако сакате да ја зголемите среќата на поширок план, тогаш би било пожелно со себе да го носите горскиот кристал, се смета за еден од најстарите кристали кој се користел при лекување, како и за други цели.

Ако имате потреба да ги осветлите животните цели и да разберете што е она што сакате да го постигнете, тогаш ова е вистинскиот кристал за вас.

Покрај тоа се користи и за намалување на болки во телото, чистење на чакрите и зголемување на животната енергија.

so koi kristali moze da privleceto bogastvo i pari 2

Никој не може да гарантира дека ова навистина ќе помогне, но, што може да изгубите ако пробате?

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg