Штиклите раѓаат желба за секс
Високите потпетици се тајно женско оружје. Во нив жените се чувствуваат заводливо, моќно и самоуверено. Нозете изгледаат долги и поубави...
...задникот подигнат, но се чини дека нивното позитивно влијание оди уште подалеку. Тие го зголемуваат и женското либидо.
Maria Cerruto, е италијанка која го водела истражувањето кое покажало дека жените кои носат високи потпетици и се движат правилно во нив, имаат нагласено либидо.
Експертите објаснуваат дека со правилно одење на високи потпетици се зајакнуваат мускулите на карлицата и се подобрува и зајакнува нивната контракција.
Модерните жени, немаат доволно време за да прават вежби за овие мускули кои се од витално значење за женското здравје и сексуалниот живот.
Во овие случаи, високите потпетици ја зголемуваат желбата за секс. И значи, не се само мажите кои се возбудуваат благодарение на високи потпетици! Сега имате уште едно оправдание за нов пар чевли.