Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Полициски гуски, воздух во лименка – Необични работи кои може да се најдат само во Кина

Бидејќи метежот во сообраќајот е секојдневна појава во Кина, а понекогаш се случува да заглавите во колона со часови, Кинезите најдоа решение за ова. Едноставно повикајте помош. 

policiski-guski-i-muzej-na-lubenici-ovie-neobicni-raboti-mozat-da-se-najdat-samo-vo-kina-001.jpg

Ќе ви бидат испратени две лица - едниот ќе се погрижи за вашиот автомобил, а другиот ќе ве однесе на мотоциклот.

Покрај ова, прочитајте кои други работи веројатно постојат само во Кина:

Градови-духови

Низ целата земја има бројни градови што се изградени во последните децении, но и поркај тоа се празни. Се верува дека во земјата има 50-60 милиони празни станови, а тоа се случува бидејќи зградите биле изградени, но градовите никогаш не биле населени.

Значи, дури и во земја каде што населението одамна надмина една милијарда, има градови што изгледаат како да се направени за пост-апокалиптични филмови ...

Музеј на лубеници

Во Пекинг постои музеј посветен на лубеници, а понатамошните објаснувања во врска со ова е тешко да се дадат. Значи, ако некој некогаш помислил дека треба да постои музеј за лубеници, сега има каде да оди.

policiski-guski-i-muzej-na-lubenici-ovie-neobicni-raboti-mozat-da-se-najdat-samo-vo-kina-002.jpeg

Продажба на воздух

Ако некогаш сте слушнале дека се продава воздухот, веројатно ви звучело како шега, но во Кина навистина можете да купите воздух, со различни вкусови и ароми, во лименки.

Ова е резултат на големо загадување на воздухот во поголемиот дел од земјата.

Policiski guski I muzej na lubenici ovie neobicni raboti mozat da se najdat samo vo Kina 02

Полициски гуски

Во одредени делови на земјата полицијата користи гуски како алтернатива на кучињата. Гуските имаат добро претчувство и одличен вид, така што во Кина, наместо полициските кучиња, има полициски гуски!

policiski-guski-i-muzej-na-lubenici-ovie-neobicni-raboti-mozat-da-se-najdat-samo-vo-kina-003.jpg

Пижами во јавност

Кинезите сакаат да носат пижами кога одат на прошетки, во шопинг, па дури и на работа! 

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg