Ниту Тесла не бил совршен - Предвидувања што требало да се исполнат до 2020 година

Можете ли да замислите свет во кој ќе им ги раскажуваме нашите тажни искуства на роботите,  додека правиме вообичаено „поплавување“ на станот, за да завршиме со викенд-чистење? 

nitu-tesla-ne-bil-sovrshen-predviduvanja-shto-trebalo-da-se-ispolnat-do-2020-godina-001.jpg

Футуролозите пред 70 години верувале дека светот ќе напредува и дека во 2020 година ќе имаме роботи, куќи што летаат и други неверојатни изуми.

Еве како требало да изгледа 2020 година:

Никола Тесла успеал да предвиди безжична технологија, паметни телефони и електрични автомобили, но наводно, верувал и дека никој нема да пие кафе во 21 век.

Досега требаше да научиме и промениме многу работи, но како што вели стариот Алберт Ајнштајн - не е само универзумот бесконечен.

Британскиот писател на научна фантастика и футуристист, Артур Кларк, верувал дека здодевните домови од 1960-тите ќе бидат заменети со повозбудливи згради кои ќе можат да летаат.

Долгогодишниот уредник на „NewYork Times“, Валдемар Каемферт сметал дека досега ќе можевме да ја исчистиме целата куќа со одвртување на воден вентил. Причината за ова била неговата визија дека целиот мебел ќе биде направен од синтетика.

Своите размислувања дуги ги објавил во текстот „Чуда што ќе ги видите во следните 50 години“, од 1950 година.

Nitu Tesla ne bil sovrsen ova se nekolku predviduvanja sto trebalo da se ispolnat do 2020 godina 02

Бидејќи секојдневно се измачуваме со јавниот превоз, зошто да не одиме на работа со хеликоптер? Тоа го мислеле футуристиците пред 70 години. Ова не би биле големи авиони, туку обичен хеликоптер за двајца што не троши многу гориво.

Во 1966 година магазинот „Time“ му објавил на светот дека 21 век ќе биде феноменален. Во есејот наречен Футурист се пишува за идни супер-машини, кои ќе работат наместо луѓето.

Додека машините ќе работат, ние среќно ќе фрламе банкноти во воздухот, затоа што (според пресметките тогаш) ќе заработуваме плата од 30.000 долари.

Кога станува збор за роботите, тие треба да ни бидат многу повеќе, отколку само домашни помошници. Ариане Ван де Вен имала поинаква визија за 2020 година.

Таа верувала дека роботите ќе ја играат улогата на психијатарот и пријателот со кого би разговарале за несреќното детство.

Nitu Tesla ne bil sovrsen ova se nekolku predviduvanja sto trebalo da se ispolnat do 2020 godina 01

Кое од овие предвидувања ќе се оствари, допрва ќе видиме...или не.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg