3 угостителски трикови поради кои трошиме повеќе пари во кафулињата
Мразот во чашата дава илузија дека имате повеќе пијалак отколку што мислите, па ова е трик што келнерите знаат како да го искористат.
Кога има многу полни маси, некои келнери користат трикови што не им одат во прилог на гостите.
Ова се трите најчести трикови што ги користат келнерите за да потрошите повеќе пари:
1. Ставање премногу мраз
Побарајте од келнерот чаша вода од чешма и ќе добиете млака течност со две коцки мраз. Од друга страна, нарачајте каков било алкохолен пијалак, и во течноста ќе лебдат безброј коцки мраз. Случајност? Не.
Мразот во чашата дава илузија дека имате повеќе пијалак отколку што мислите, затоа лесно е да се манипулира со овој трик. Ако келнерот не користи дозер, шансите се дека ќе добиете помалку отколку што треба.
Овој трик го користат и во кино салите, каде што прво ја исполнуваат пластичната чаша со мраз, а потоа го истураат посакуваниот пијалак во остатокот од просторот. На овој начин добивате помалку сок отколку што треба.
За да избегнете можна неправда, кога нарачувате пијалаци, нагласете дека не сакате мраз во нив.
2. Ви даваат поскапи алкохоли кога нарачувате мешани пијалаци
Кога гостите нарачуваат џус-вотка или џин-тоник, ретко наведуваат каков вид алкохолен пијалак сакаат во нивната нарачка.
Па наместо поевтин алкохол или да ве прашаат каков сакате, понекогаш го добивате најскапиот бренд. Разликата ја забележувате само кога ќе ја видите сметката.
3. Точење алкохол со интересни трикови
Сигурно барем еднаш во животот сте виделе некој убав трик во бар, каде што келнерот држи шише алкохол високо над чашата и истура пијалак од далечина.
Овој вид на дистрибуција создава илузија дека во чашата се влева повеќе течност, но тоа не е точно. Искусните келнери ќе ви ја истурат точната количина, па дури и помалку од вообичаено, бидејќи не користат дозер, заради што може да си нарачате неколкупати.
Ашера | Црнобело