Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лалибела - 11 цркви издлабени во камен во Етиопија

Етиопија е посебна земја и навистина вреди да се истражува. Меѓу прекрасните атракции се наоѓаат и 11 цркви издлабени во камен, кои потекнуваат од 13 век. 

Misticna Lalibela 11 crkvi vrezani vo kamen 01

Денес се на листата на светско наследство на УНЕСКО, а ова е нивната приказна.

Лалибела е место каде се одвиваат многу аџилаци, а го носи името по етиопскиот Лалибела.

Лалибела станал светец во етиопската црква, а приказната според која кралот и ова место го добиле своето име е мошне интересна.

Мајката на кралот случајно пронашла рој пчели што кружеле над неговиот кревет, кога тој сè уште бил дете. Инспирирана од ситуацијата, се сетила на едно старо верување според кое животните можат да ја предвидат иднината. Пчелите навестиле дека момчето ќе стане цар.

02.jpg

Интересно е што името Лалибела во превод значи пчела.

Лалибела немал лесен живот - се расправал со неговиот чичко Татадим и неговиот брат. Односите им биле толку ладни, што двајцата решиле да го отрујат Лалибела.

Според легендата, откако го испил отровот, ангелите го однеле на небото, каде што видел „град“ од камени цркви. Тогаш Бог му рекол да го направи на Земјата она што го видел на небото.

lalibela-02.jpg

Три дена подоцна, Лалибела се разбудил и му кажал на семејството за божјата наредба. Кога им соопштил на работниците дека треба да ги издлабат црквите од камен, му рекле дека е луд. Но, Лалибела не отстапувал, па тие се фатиле за работа. 

Misticna Lalibela 11 crkvi vrezani vo kamen 02

Се верува и дека кога работниците спиеле, навечер ангелите продолжувале со изградбата.

Многу верници кои прават аџилак веруваат во тоа. Црквите можете да ги видите денес како што и настанале, во нивната природна средина.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Поправен дом во САД како од хорор-филм: Децата биле мачени и убивани, властите не сакале да го затво... Поправен дом во Флорида работел повеќе од еден век, и покрај бројните пријави и ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg