Вербалната злоупотреба е секојдневие - како да препознаете дали и вие сте жртва на вакво малтретирање?

Повеќето луѓе кои поминуваат низ вербално насилство не веруваат дека ова е вистина, затоа што мислат дека би ги препознале предупредувачките знаци. 

sto e verbalna zloupotreba.jpg

Злоупотребата обично започнува со викање, потоа навредување и намалување на нечија важност. Многу луѓе се соочуваат со овој проблем, без да бидат свесни за тоа, или избираат да го негираат овој проблем. 

Понекогаш напаѓачот користи комбинација на овие однесувања, а понекогаш прибегнува кон тактика на постојано прекинување на другата страна и игнорирање.

Ако сте пораснале во нездраво опкружување во кое вашите родители честопати се расправале и навредувале, истото ќе го прифатите како нормална форма на комуникација. Затоа многу луѓе не можат да ги препознаат знаците дека се жртва на вербална злоупотреба.

Последиците од вербална злоупотреба се чувствуваат после одреден период. Ова резултира со чувство дека не сте доволно добри, достојни, дека сте глупави или потполно безвредни. Кога сте во врска со некој кој ве третира на опишаниот начин, се појавуваат големи проблеми.

Имено, насилникот не се однесува лошо цело време, знае да биде нежен и внимателен, што го збунува партнерот. Поради ова, другата страна често го оправдува гневот како моментална фаза.

Sto e verbalna zloupotreba I kako da prepoznaete 02

Последици на вербална злоупотреба

Како и со другите форми на злоупотреба, ова длабоко влијае на жртвата која страда од вознемиреност, депресија и во некои случаи и посттрауматско стресно растројство. Обично создава лоша слика за себе, а шансите за успех на сите полиња се мали.

Недостатокот на доверба се одразува на емоционалните односи, работата и социјалниот живот.

Sto e verbalna zloupotreba I kako da prepoznaete 03

Форми на вербална злоупотреба

Како што споменавме погоре, постојат различни индикации на вербална злоупотреба, како што се навредливи имиња, несоодветни коментари, исмејување, понижување во јавноста, критики, викање и пцуење, како и закани.

Важно е да бидете запознаени со оваа тема, да си помагате себеси и на најблиските кои можеби доживеале трауматично семејно искуство. Најдобро е да избегнете такво сценарио со тоа што ќе се грижите за себе и ќе излезете од токсичната врска навреме.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
Фотки кои ќе ве утешат на лош ден: Луѓе кои никако не ги следи среќа Скршена виолина по авионски лет, телефон прободен со стрела – кога имате лош ден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg